„Бамби. Животот во шумата“ од Феликс Салтен (7 дел)

ПОГЛАВЈЕ 23 Шумата повторно беше покриена со снег и лежеше тивко, засолната под неговата длабока бела покривка. Се слушаше само гракањето на враните, а одвреме-навреме ќе се јавеше и некоја крескава врана или срамежлива сеница. Но, потоа мразот стегна уште посилно и замре сè. Воздухот почна да свири од студот. Едно утро тишината ја разби…

Евроамбасадорот Самуел Жбогар гостин во „Астрорум“

Шефот на делегацијата на Европската Унија во нашата земја, Самуел Жбогар, гостува во новото издание на емисијата „Остани дома во Астрорум“. Премиерно емисијата ќе биде емитувана утре (04.04, сабота) во 13 часот и репризно в недела во 13 часот на „Телевизија 24“. Досега, македонската јавност имаше можност да се запознае со Жбогар главно преку неговите…

„Легенди“ од Густаво Адолфо Бекер (7 дел)

МАЕСТРО ПЕРЕЗ, ОРГУЛИСТОТ   Во Севилја, во истото предворје на „Света Инес“, и додека чекав да почне полноќната Бадникова миса, го слушнав ова предание од една прислужничка на манастирот. Природно, откако ја слушнав, нетрпеливо исчекував да почне церемонијата, нервозен што присуствувам на едно чудо. Сепак, оргулите на „Света Инес“ не беа воопшто чудесни, ниту, пак,…

Калиопи Трпчева предлага топ 5 книги за време на изолацијата

Сликарката и графичка дизајнерка, авторка на „Радосница“, Калиопи Трпчева, покрај тоа што активно црта и е посветена на своите деца овој период, одвојува време и за читање книги. Во нејзината листа со препораки на изданија од „Литература.мк“ вклучува книги кои им ги чита на своите деца, но и наслови за возрасни. Ова е нејзината топ…

Го одбележуваме Светскиот ден на книгите за деца

Со читање приказни, работилници, конкурси, награди за најдобри автори секоја година на 2 април се одбележува Светскиот ден на книгите за деца. Овој празник на литературата за најмладите се одбележува од 1967 година, а воспоставен е во чест на роденденот на славниот данскиот книжевник и еден од најголемите писател за деца Ханс Кристијан Андерсен (1805…

Наде Јовчевска: Пет книги од „Литература.мк“ кои предлагам да се прочитаат овој период

Со книгите најдобро и најкорисно се исполнува слободното време. Ова е ставот на адмистраторката на популарната книжевна фејсбук-група „Размена на книги и книжевни муабети“, Наде Јовчевска. Таа се вклучи во акцијата за поттикнување на читањето, со пет предлози на книги од „Литература.мк“, наменети за целото семејство. 1. Серијал „Mачки детективи“ од Алесандро Гати   Затоа…

Објавена новата сликовница од Ване Костуранов, „Девојчето и градот“, во издание на „Арс Ламина“

  Новата книга за деца од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов, „Девојчето и градот“, излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за трета сликовница од Костуранов, по успешните и наградувани: „Ѕвездено дете“ и „Девојче и мече“. Во „Девојчето и градот“ се раскажува приказна за едно…

Книгата на годината според „Гудридс“ ‒ „Дејзи Џонс енд Д Сикс“, објавена на македонски јазик

Книгата на годината според најголема светска заедница на љубители на книгите „Гудридс“ (Goodreads), „Дејзи Џонс енд Д Сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Само неколку месеци по прогласувањето за една од трите најпопуларни книги, како и најдобрата во областа на историска фикција…

ВИДЕО: Вработените на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ ви читаат

Сѐ со цел да ги поттикнеме читањето и љубовта кон пишаниот збор кај најмладите, деновиве ја почнавме акцијата видеочитална, во чии рамки на нашиот канал на „Јутјуб“ објавуваме видеа во кои вработените на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ ги читаат омилените детски книги. „Облачињата кои не сакаа да плачат“, „Бајки од Македонија“, „Кучето што Нино го…

„Легенди“ од Густаво Адолфо Бекер (6 дел)

КРСТОТ НА ЃАВОЛОТ Ако сакаш, верувај, ако не, не ми е битно воопшто. Дедо ми му раскажал на татко ми; татко ми мене ми пренесе, и јас ќе ти раскажам сега, не само за да помине времето. I Самракот почнуваше да ги шири лесните испарувачки крилја врз питорескните брегови на Сегре, кога по едно уморно…

„Бамби. Животот во шумата“ од Феликс Салтен (6 дел)

ПОГЛАВЈЕ 19 Набрзо сите во шумата почнаа да забележуваат дека Гобо има некои навики што им се чинеа чудни и сомнителни на сите други. Спиеше ноќе кога сите други беа будни. Но, дење, кога сите бараа место да починат, тој беше буден и одеше на прошетки. Тој сосем слободно, кога ќе му се посакаше, среде…

Јасмина Кантарџиева Димков: Топ 5 книги што ќе ве насмеат и расположат

Новинарката и авторка на книгите за деца „Кучешки приказни од Тафталиџе 1“ и „24 часа во Еднорозија“, Јасмина Кантарџиева Димков вели дека „книгите се еден од најдобрите начини да направиме да се чувствуваме попријатно дома во овој период на ограниченост на простор и на движење“. ‒ Во моменти кога сме бомбардирани од сите страни со…

Пет нови книги за сите љубители на мачки

Тие се мили, но палави, сакаат да се галат, но се независни, навидум незаинтересирани, но многу љубопитни, често мрзливи, но супербрзи. Ова веќе добро го знаат сите љубители на мачките, кои во својот дом се грижат за едно (или повеќе) вакво милениче. Мачките често се појавуваат како инспирација за разни уметнички дела, а многу често…

Првоаприска маска инспирирана од Исидора Мун

Се наближува роденденот на Исидора Мун. Татко ѝ предложува да направат традиционална вампирска забава, а мајка ѝ претпочита типичен самовилски роденден. Но, Исидора посакува вистински детски роденден каков што имала нејзината другарка Зои ‒ со маски. На нејзината среќа ќе нема крај, кога родителите ќе ѝ дозволат да има роденденски маскенбал. Но, таа се двоуми,…

Авантурите на Мечокот Меглен од Тортон В. Берџес (прв дел)

  I МЕЧОКОТ МЕГЛЕН ОДИ НА РИБОЛОВ Мечокот Меглен се проѕевна додека си лежеше на удобниот кревет од лисје и ги гледаше првите утрински сончеви зраци што ѕиркаа низ Зелената гора за да ги избркаат Црните сенки. Се проѕевна уште еднаш, па полека застана на нозе и се истресе. Потоа отиде до еден голем бор,…