На изборот „Сајт на годината 2018“ нашиот blog.literatura.mk е прогласен за најдобар блог! Наградите за најдобрите сајтови беа врачени вчеравечер во просториите на ЕУ-инфоцентарот во Скопје, а за победниците одлучиле гласовите на публиката.
Слецијализираниот блог за љубителите на пишаниот збор, blog.literatura.mk, четири години е во постојана потрагата по интересни содржини и ширење на мисијата за читање литература. Ова е четврто признане во категоријата за најдобар блог на изборот „Сајт на годината“. Имено, во 2016 и 2017 година беше на второ место, а во 2014 на третата позиција.
„Сајт на годината“ е манифестација која по деветти пат во Македонија ги избира најдобрите веб-сајтови во повеќе категории. Манифестацијата е организирана од „Медија Солушнс“ (Media Solutions) и системот за онлајн-реклами „Кип ан ај“ (Keep An Eye), а под покровителство на Град Скопје, ИАБ Македонија и Министерството за информатичка технологија.