Македонско-австралиското „3-Блок Студио“ направи анимиран филм за глобалниот карантин
Огромен број од светската популација изминативе недели поради корона вирусот радикално го промени секојдневниот живот, а секоја индивидуа на свој начин се соочи со изолацијата. Работејќи надвор од традиционалниот канцелариски простор, македонско-австралиското „3-Блок Студио“ (3-Block Studio) го изработи „Карантин“ (Quarantine), краток анимиран филм за глобалниот карантин поради пандемијата. ‒ Иако сме навикнати на работа надвор…













