Харпер Ли, книжевна ѕвезда по една книга (1926-2016)

Неодамна починатата Харпер Ли, чијшто прв роман, „Да се убие птицата подбивница“, за расната неправда во едно гратче во Алабама, се распродаде во повеќе од 40 милиони копии и стана едно од најсаканите и најпродавани дела што некогаш биле напишани од Американец, историјата ќе ја запише како книжевна ѕвезда по една книга. Почина на 89…

Топ 9 книги во чест на месецот на жената

Март е месецот да ги славиме жените, нивните борби, нивните триумфи и нивното место во денешниот свет. За да прославиме, се сетивме да составиме листа од омилени книги што зборуваат за животите и постигнувањата на жените ширум светот. 1. Јас сум Малала, Малала Јусафсај и Кристина Лемб Извонредна приказна за едно семејство, оттргнато од своето огниште…

Фан на биографии

Моја библиотека: Жарко Димитриоски Која книга во одреден период од животот влијаела на твоите ставови и начин на размислување, односно ти направила „пресврт“ во животот? „Како ја изгубив невиноста“ од Ричард Бренсон. Книгата е автобиографија, зборува за првите триесетина години од животот на Бренсон и градењето на брендот „Вирџин“. Просто, да не ти се верува како…

Тие се најспособните детективи во Париз. Четири, со шепи, опаш и мачешка… интуиција!

„Мачки-детективи“ е серија детски новели со мошне интересна содржина, создадена за најмладите читатели со цел нивно воведување во книжевниот жанр мистерија. Книгите се наменети за деца на возраст кога веќе можат самостојно да читаат, но исто така тие се соодветни и за деца од најрана училишна возраст на кои родителите можат со задоволство и интерес…

Извадок: „Времето на жените“ од Елена Чижова

Сечкам кромид и климам со главата: си знаат бабите кога е време. Што можеш да им кажеш? Строги се. Кај можам против нив?… Се изнаживеав претходно во интернат, во тесно, ама дружно – соба со осум кревети. А денес – слобода… Благодарение на месниот комитет. Зоја Ивановна така и рече: „Што сега… Зарем детето е…

Освежувачи за простор со мирис на книга

Освежувачите за простор со мирис на книга претставуваат решение за сите љубители на прекрасниот мирис на тукушто отворените книги или наталожениот мирис на старите книги и нивните подзалепени страници. По сознанието дека главен недостиг на читателите на електронски книги (е-книги) е токму неможноста да се почувствува книгата, производителите на освежувачи за простор се сетија да…

Наскоро во едицијата Лауреати: „Сета светлина што не можеме да ја видиме”

Наскоро на литература.мк во едицијата Лауреати – Сета светлина што не можеме да ја видиме од Ентони Дор Сета светлина што не можеме да ја видиме на Ентони Дор е една од оние ретки книги за кои публиката и критиката се едногласни: неколкумесечен бестселер, роман обожаван од читателите и роман што се закитува и со најпрестижната американска…

Рецензија: „Прво лице еднина“

Прво лице еднина: Животот на Лилјана Лунгина раскажан од неа во филмот на Олег Дорман Оригиналниот наслов на книгата Podstrochnik, преведено од Руски, значи “збор по збор”, а кај нас преведена како Прво лице еднина, претставува писмен препис или транскрипт на истоимениот документарен филм на Олег Дорман. Книгата го истражува животот на истакнатиот мајстор на литературниот…

Автобиографијата на Бенџамин Френклин

Малкумина се оние чијшто животен пат може да се спореди со оној на Бенџамин Френклин. Тој е речиси самоук, а прераснува, меѓу другото, во политичар, писател, изумител, печатар, научник и, конечно, во еден од најуспешните дипломати во американската историја. Остава голем авторски влог во Декларацијата на независноста, а подоцна учествува во мировните преговори со Велика…

Умберто Еко, најпродаван академик кој управуваше два света

Умберто Еко, италијански научник во таинственото поле на семиотиката, кој стана автор на најмногу продавани романи, особено блокбастерот, средновековната мистерија „Името на розата“, почина во петокот во неговиот дом во Милано, на 84 години. Како семиотичар, Еко беше во потрага да ги толкува културите преку нивните знаци и симболи – зборови, верски икони, бајраци, носии,…

Умберто Еко (1932 – 2016)

По долго боледување од рак, на 84-годишна возраст почина врвниот писател и интелектуалец Умберто Еко. Семејството на познатиот писател, познат по романите „Името на розата“, „Фуковото нишало“, „Баудолино“, накусо соопшти дека Еко починал дома, не наведувајќи детали, пренесуваат светските медиуми. За својот прв роман „Името на розата“, што го напиша во 1980 година, Еко освои…

Марина Костова: „Монографија – артефакт од Македонија“

Милчо Манчевски – автор, синоним за Mакедонија, чиешто творештво на 650 страници низ дискурси на различни филмски теоретичари, историчари и филозофи, дополнето со „невидливите“ архивски материјали, остатоци од неговите дела е вкоричено во монографијата „Манчевски“. Истражувачката посветеност на авторката Марина Костова создава колосално дело, што минатата година на Саемот на книгата е наградено како оригинално…

Извадок: „Девојката што го спаси кралот на Шведска“ од Јонас Јонасон

Новоназначениот управник за чистење септички јами во секторот Б во Совето никогаш немаше шанса да оди на училиште. Причината лежеше во тоа што мајка ù имаше други приоритети, но исто така бидејќи девојчето од толку многу земји нашло да се роди во Јужна Африка; згора на тоа, беше родено во почeтокот на 60-тите, кога политичките…

Книжевни факти: Фаренхајт 451

  Оригиналниот наслов на Фаренхајт 451 беше Пожарникарот. Реј Бредбери и неговите издавачи сметаа дека Пожарникарот е здодевен наслов, така што се јавија во локалната пожарникарска станица и прашаа на колку степени гори хартијата. Пожарникарите го оставија Бредбери да почека додека запалија една книга, па му одговорија на колку гори, а останатото е историја.

Рецензија: „4 Пријатели онлајн!“

Детскиот роман „Четири пријатели онлајн!“ од авторката Каролина Каприја е одлично четиво за сите читатели кои се соочуваат со чувствителната пубертетска и тинејџерска возраст. Во романот се појавуваат четири главни лика, три момчиња и едно девојче, кои раскажуваат случки од нивното секојдневие кога се среќаваат на чет. Така, преку личното раскажување доаѓа до израз колоритноста…