„Арс Либрис“, „Либи“ и литература.мк во „Сити мол“ на Саемот на книга

Бестселери, ѕвезди на светската книжевност, детската литература и многу други наслови од различните едиции на „Арс Либрис“, „Либи“ и литература.мк од утре, 15 јуни, па до 21 јуни на попуст до 70% на летниот саем на книга, што ќе се одржи во на приземјето во трговскиот центар „Сити мол“.

Вашиот истанчен вкус за книга и сериозната понуда на квалитетна литература што ја нудиме, се предизвик за нашиот книжар, кој ќе ве погоди со издание што одамна ви треба.

Побрзајте на штандовите на литература.мк, бидејќи следуваат подароци, изненадувања за убаво и исполнето лето и богата програма:

       – 16 јуни (четврток) 18 часот – Дружење и читање на македонски волшебни приказни од едицијата Бајки од Македонија (Двата цара, Девојчето и дванаесетте месеци, Вејко северко и  Момчето што се скри во златното јаболко) со актерката Сања Арсовска од Драмски театар Скопје, позната како Лина од 5+ бенд.

       – 18 јуни (сабота) 11-13 часот – Детски креативни работилници со Пчеличката Маја

       – 19 јуни (недела) 11-13 часот – Детски креативни работилници со Пчеличката Маја

fb-post-1200x1200px

Саемот се одржува првпат и е во организација на Македонската асоцијација на издавачи – МАИ и Трговскиот центар „Сити мол“.

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.