Едицијата „Бајки од Македонија“ е составена од четири бајки, односно македонски волшебни приказни кои претставуваат дел од нашата усна традиција. Овие приказни, собрани од Марко Цепенков и Танас Вражиновски, сега се преточени во модерни сликовници, адаптирани на модерен јазик и прилагодени на децата од предучилишна возраст.
Илустрациите за „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“, „Девојчето и дванаесетте месеци“ и „Вејко Северко“ ги изработи младата илустраторка Катерина Николовска, чие идејно решение беше избрано за најдобро на јавниот конкурс на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.
Едицијата „Бајки од Македонија“ е последниот проект на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“, а е реализиран во партнерство со Арс Ламина. Изборот на бајките беше направен со стручна помош од професор д-р Ермис Лафазановски од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, а бајките ги адаптираше Билјана Црвенковска.

Царот имаше ќерка, прекрасна, но многу разгалена! Посака царот да ја мажи ќерката и разгласи низ целото царство. Но, царскава ќерка, ем разгалена, ем итра, ем лоша, па му рече на татко си дека ќе се омажи само за оној што ќе успее да се скрие од неа, толку добро што таа не може никако да го најде. Оној што ќе успее да се скрие, ќе го земе за маж, а оној што нема – ќе му летне главата!

Одеднаш, низ дрвјата здогледа една срна како трча. Срната бегаше и бегаше, но се сопна од една пенушка и падна. Во моментот кога царскиот син се приближи до неа, срната му проговори: „Немој, те молам, не ме убивај!“
Пингување: „Арс Либрис“, „Либи“ и литература.мк во „Сити мол“ на Саемот на книга | Literatura.mk