Лукаш и Камењаров: Со „Поклони се и почни“ им порачуваме на децата да не престанат да се радуваат и да другаруваат

Со римување, микрофони и креативна игра со штурчето Свирче, богомолката Богдана и дабарот Дрварко – создадени од вештите рачиња на децата, во петокот (втори декември), беше промовирана новата сликовница „Поклони се и почни“. Пред младите читатели во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ се поклонија: авторот Владимир Лукаш, илустраторот Љубиша Камењаров и уредничката Оливера…

„Поклони се и почни“ е симболичен поттик за секое дете да го земе микрофонот на своите желби в раце

Новата книга за деца „Поклони се и почни“ деновиве излезе од печат, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Сликовницата е со текст на Владимир Лукаш и илустрации од Љубиша Камењаров. „Поклони се и почни“ е ведра, игрива книга за заедништвото, забавно поттикнување на децата (и животните!) да учествуваат во најразлични собирања…