Сибо: „Зелениот дворец“ е роман за Скопје што веќе го нема и за Скопје што го познаваме
Една од највпечатливите градби во Скопје, зелената куќа-дворец во населбата Црниче, околу која со години се плетеа мистерии и легенди, е главната инспирација за приказната во новата книга „Зелениот дворец“ од авторот Сибо. Романот, кој е добитник на наградата „Пегаз“ за 2022 година, беше промовиран вчеравечер (26 април) во Галеријата на Младинскиот културен центар во…














