Литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ“ се преместува во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“

Поради лошите временски услови, проследени со постојани врнежи, настанот „Читањето е супермоќ“, закажан за утре (17 јуни, сабота) во 11 часот, наместо на Школка во Градскиот парк, ќе се одржи во затворен простор, поточно во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ во Скопје. На литературно-музичкиот настан ќе бидат наградени победниците на литературниот и ликовен конкурс…