Поговор кон романот „Тромбот“ на Оливера Николова
Владимир Мартиновски: „Читајќи го исклучително слоевитиот и возбудлив роман Тромбот од Оливера Николова (првообјавен во 1997 година), многупати ни се наметнува древната идеја дека човекот е пред сè „суштество што (се) игра“. Но, за какви сè игри станува збор во овој роман? На прва топка, некој ќе рече – па лесно е, за фудбал! Така, секако, нема да се утне правецот, бидејќи фудбалот е играта околу која се плетат клучните интриги во приказните од кои е сочинет романот, но одговорот, се чини, би бил недоволен и несеопфатен.“

