Парада на ликовите од книгите на Саемот во Франкфурт
Неколку илјади тинејџери маскирани како ликови од популарните книги, стрипови, сликовници и анимирани филмови парадираа на Саемот на книгата во Франкфурт 2018, што траеше од 10 до 14 октомври. Препознатливи костуми од светот на „Господар на прстените“, „Војна на ѕвездите“ и на Хари Пoтер, кловнот Пенивајс од „Тоа“, Спајдермен, Харли Квин, Жената-мачка, Елса и Ана…



