Збирката хаику-поезија „Реми“ – дел од Фестивалот на јапонска култура „Нихон-Џи 2.0“

Во рамките на Фестивалот на јапонска култура „Нихон-Џи 2.0“, што се одржа на 27 мај 2023 година, во Мултимедијалниот центар Мала станица во Скопје, имаше хаику-читање, на кое учествуваа петмина истакнати македонски хаику-мајстори: Владимир Мартиновски, Александар Маџаровски – Читачот, Николина Андова-Шопова, Искра Донева и Дејан Василевски – Гето Руди. Секој прочита по 10 песни, во…