Топ 10 најпродавани книги во „Литература.мк“ во февруари

Психолошкиот трилер „Рандеву“ од Луиз Џенсен, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е најпродавана книга во книжарниците на „Литература.мк“ во февруари. На листата со топ 10 најбарани наслови се најдоа и бестселерите: „Три желби“ од Лијан Моријарти, „Дејзи Џонс енд Д сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд и „Седумте мажи на…

Романот „Ние“ од Ана Стојаноска ја раскажува љубовната приказна низ призмата на жената и низ призмата на мажот

Четвртиот роман на писателката Ана Стојаноска, „Ние“, деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Ракописот на Стојаноска влезе во потесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година (заедно со „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, кој ја доби наградата „Пегаз“, и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска),…