Наталија Лукомска: Илустрациите од сликовниците ја поттикнуваат имагинацијата на децата
Една обична боичка се вљуби во портокалов фломастер. Но, на фломастерот воопшто не му беше гајле за таа љубов… Ова е вовед во приказната на новата сликовница „Ремек-дело“ на познатиот српски автор за деца Дејан Алексиќ, која неодамна излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Сликовницата е направена од…






