Нил Фолберг: Во фотографиите од „Огледало во Македонија“ се пронајдов себеси
Повеќе од половина век по првиот престој во Македонија, американско-израелскиот антрополог и фотограф Нил Фолберг, вчеравечер (19 јуни), во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје ја промовираше фотомонографијата „Огледало во Македонија“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е етнографска фоторепортажа за нашата земја од седумдесеттите години…
