Мимоза Ристова: Во романот „Варшавската срна“ ги реанимирам трите љубови на Марија Склодовска Кири

Трите љубови на двојната добитничка на Нобеловата награда, Марија Склодовска Кири, се во срцевината на новиот роман „Варшавската срна“ од Мимоза Ристова. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (14.06), во Музејот на Град Скопје. Романот се темели на некои општопознати факти и настани врзани…