Промоција на стихозбирката „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова
Новата стихозбирка на академик Катица Ќулавкова, „На врв на јазикот“, ќе биде промовирана на 6 јуни (вторник), со почеток во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Наташа Аврамовска, а модератор уредничката Оливера Ќорвезироска. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс…
