На порталот „Локално.мк“ можат да се читаат и вести од блогот „Литература.мк“!

Популарниот медиумски портал „Локално.мк“ и блогот „Литература.мк“ почнаа соработка и се „споија“ со што читателите на овој медиум ќе можат да најдат и категорија со вести посветени само на книгите. Во овој дел ќе можат да се прочитаат многу написи од blog.literatura.mk што се посветени на нови домашни изданија, разговори со писатели и луѓе кои…

Онлајн-промоција на „Лицата со попреченост“ од Андон Дамовски

Книгата „Лицата со попреченост“ од Андон Дамовски ќе биде промовирана онлајн во четврток (11 март) во 19 часот на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Ова издание веќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на следниот линк Промоцијата ќе ја води уредникот на ова издание Филип Видиновски, а…

Бестселерот „За пет години“ е неочекувана, но незаборавна љубовна приказна

„За пет години“ на Ребека Серл се најде на листата бестселери на престижниот медиум „Њујорк тајмс“, а романот неодамна доби и македонски превод во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Оваа книга се занимава со едноставното, но воедно и многу комплицирано прашање: „Каде се гледате себеси за пет години?“ Главниот лик…

„Денови на книгата“ во „Скопје сити мол“ со попусти до 60 отсто

По повод Меѓународниот ден на жената, од трети до осми март, заедно со другите издавачки куќи што се членки на Македонската асоцијација на издавачи, „Арс Ламина“ е дел од „Денови на книгата“, што се одржува во „Скопје сити мол“ во Скопје. Штандот ќе биде отворен секој ден од 10 до 21 часот и сите вљубеници…

„Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер“, бестселер на „Вашингтон пост“ и на листите на „Амазон“, достапна и на македонски јазик

Бестселер на реномираниот весник „Вашингтон пост“ и на листите на „Амазон“, како и финалист за наградите на една од светски најпознатите интернет-страници за книги „Гудридс“ (goodreads.com). Сето ова е дел од богатото портфолио зад книгата „Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер“ од авторката Кели Хармс, која е достапна и на македонски јазик во издание на „Арс…

Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева е достапна на три континенти

По изданието на македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева од една од најпознатите европски издавачки куќи „Трамунтана“, ова детско издание ќе може да се чита на шпански јазик и во сите држави во Латинска Америка како и во САД. Илустрациите се на шпанската илустраторка Моника Каретеро, а сликовницата е издадена на шпански…

Попусти до 50% на книги и други производи по повод Меѓународниот ден на жената

По повод Денот на жената, во сите книжарници „Литература.мк“ ќе може да се најде голем избор на книги и уникатни производи на попуст кои, пред сè, се наменети за дамите. Акцијата се одржува под слоганот „За најважните жени во вашите животи“. Намалувањата на одредени производи ќе траат од први до десетти март и меѓу нив…

Возбудливи наслови од „Арс Ламина“ што треба да ги прочитате

Издавачката куќа „Арс Ламина“ неодамна објави повеќе изданија, меѓу кои и многу бестселери, од различни жанрови достапни во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на веб-страницата http://www.literatura.mk. Покрај шесте романи од кралицата на мистеријата, Агата Кристи („Мистериозниот случај во Стајлс“, „Убиството на Роџер Акројд“, „Лорд Еџвер е мртов“, „Убиство во Ориент експрес“, „Смрт на…

Онлајн-промоција на збирката раскази „Прстен и парфем“ од Мишо Китаноски

„Што ја натерало Мис Стон да го подари мајчиниот прстен?“ е само едно од големите прашања на кои авторот Мишо Китаноски дава свој, до некаде фиктивен одговор, во збирката раскази „Прстен и парфем“ која во четврток (25 февруари) во 19 часот ќе биде промовирана на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“. Ова дело е во издание на…

„Арс Ламина“ со три изданија за младата детективка Агата Одли

„Агата Одли и тајниот клуч“, „Агата Одли: Убиство во музејот“ и „Агата Одли: Сребрената змија“ се три изданија од популарниот серијал за младата детективка кои неодамна беа издадени од „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и може да се најдат во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на веб-страницата http://www.literatura.mk. Интересот на…

„Инспирирај се за промени“ e книга која го отвoра патот за подобро утре

Новото и надополнето издание на книгата „Испирирај се за промени“ од Радмила Костова-Мила и Иван Лапчевиќ од неодамна може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на следниот линк. Станува збор за издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е дело кое го отвора патот и помага…

Наградата „Стале Попов“ за „Боксерот од Ново маало“ на Владимир Плавевски

Романот „Боксерот од Ново маало“ од авторот Владимир Плавевски, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ја доби престижната награда „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2020 година. Наградата е дел од годишните награди што ги доделува Друштвото на писатели на Македонија, а одлуката ја донесе тричлено жири во состав:…

14 предлози за книги за 14 февруари, Денот на вљубените

Сè што ни треба е љубов… и добра книга. А, за убаво минат Ден на вљубените, 14 февруари, е потребно само тоа. Ви препорачуваме листа на изданија што ќе ве поттикнат повторно да се вљубите, да ја вратите вербата во љубовта или да ја зајакнете љубовта која веќе ја имате. 1. „Има ли уште секс…

Во сите книжарници „Литература.мк“ се слават денови на литературата, овој пат, со попусти до 70 отсто

Под слоганот „Денови на литературата“, сите книжарници „Литература.мк“ од 10 до 21 февруари ќе бидат места каде ќе можат да се купат книги од голем број македонски издавачки куќи на попусти до 70 отсто. Во овие литературни катчиња се слави пишаниот збор 365 дена во текот на годината, но со оваа голема акција секој љубител…

Велко Неделковски: Стихозбирката „Тишината на зборот“ е за оној молк по ехото на изговорениот вистински збор

Еден од најактивни македонски писатели, Велко Неделковски неодамна ја издаде својата нова стихозбирка „Тишината на зборот“. Овој писател и сценарист е познат како автор на култната домашна серија „Втората смена“, добитник е на наградата за животно дело од Македонската радио-телевизија како и низа признанија за своите романи, раскази, радио и телевизиски драми и серии. Во…