Магде Ангова: Додека ја пишував книгата „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ размислував, зборував и сонував во рима

Со досетлив, лирски избор на зборови – решенија на гатанките, и со опуштен, врзан стих со рима, младата авторка Магде Ангова ја создала својата прва книга за деца „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во книгата на умешен начин ги…

„Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ ги оживува и ги осовременува гатанките

Новата илустрирана книга за деца „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од младата авторка Магде Ангова ќе биде промовирана на 8 април (петок), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе…

Смеење до солзи со книгите со вицови за деца – „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“

Во чест на Дeнот на шегата, први април, деновиве од печат излезе вториот дел од книгичките со најсмешни вицови за деца „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“.  Ова издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе предизвика искрена смеа (до солзи) и одлично расположение кај младите читатели. Добриот виц има моќ да…

„Музеј на детството“ од Алма Растодер е прозна сложувалка од повеќе приказни за детството од различно време и простори

Новата книга за деца и млади „Музеј на детството“ од авторката Алма Растодер ќе биде промовирана на 17 март (четврток), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска.„Музеј на детството“,…

„МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки“ им ја доближува традицијата на најмладите читатели

Традиционално, на први март се изработуваат мартинки. Тоа се украси од засукани конци (од волнено или памучно предиво) во две бои – црвена и бела. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа. За значењето и изработката на мартинките повеќе можете да дознаете со специјалното издание „МАРТИНКИ: конци, плетки и…

Нова едиција со 10 книги за Шерлок Холмс адаптирани за деца во издание на „Арс Ламина“

Познатите книги за генијалниот детектив Шерлок Холмс, од славниот шкотски писател сер Артур Конан Дојл, адаптирани за најмладите читатели, се дел од новата едиција во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во серијалот „Шерлок Холмс за деца“ на македонски јазик се десет книги: „Студија во скарлетна боја“, „Знакот на четворката“, „Синиот гранат“,…

Катерина Трајановска: Со книгата „Мачешки исповеди“ сакам да ја разбудам емпатијата кај децата

„Сите среќни мачиња си прилегаат едно на друго, секое несреќно маче е несреќно на свој начин. Но, понекогаш тагата ги обединува сите живи нешта и понекогаш читателот може да си претстави што значи да се биде маче.“ Со овие зборови младата авторка Катерина Трајановска нè воведува во својата нова книга за деца „Мачешки исповеди или…

Одбележуваме 210 години од раѓањето на писателот Чарлс Дикенс

На денешен ден (7 февруари) пред 210 години е роден славниот британски писател Чарлс Дикенс. Автор е на едни од најзначајните книжевни класици: „Божиќна песна“, „Дејвид Коперфилд“, „Оливер Твист“, „Приказна за два града“ и „Големите очекувања“. Чарлс Џон Хафем Дикенс, кој се смета за еден од најголемите писатели од викторијанската ера,  е роден 1812 година,…

„Кити и ѕвездената песна“ – Кога суперхерите имаат трема

Убава вест за сите љубители на серијалот книги за деца „Кити“ од авторката Пола Харисон! Во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, деновиве од печат излезе новата книга „Кити и ѕвездената песна“. Kити е шармантното девојче со супермоќ како мачка, кое тргнува во необични авантури. Семејството на Кити е посебно – мајка…

Топ 10 најбарани изданија за деца во „Литература.мк“ во декември

Замислете подароци што се отвораат повеќепати и секојпат се еднакво интересни, едукативни и возбудливи. Токму такви се книгите. Со нив децата заминуваат на најубавите авантури, дури и кога не ја напуштаат топлината на својот дом. Книгите се интересен и здрав подарок, кој, за разлика од слатките изненадувања во пакетчињата, не ги расипуваат детските заби и…

Среќна Нова година и зимски распуст со „Матеј и Луна“

Покрај веќе добро познатата новогодишна сликовница „Дедо Мраз кај Матеј и Луна“, едицијата за братчето и сестричка близнаци Матеј и Луна сега е дополнета со боенките „Нова година со Матеј и Луна“, „Зимска боенка со Матеј и Луна“ и сликовницата со активности „Матеј и Луна на зимски распуст“. Серијалот „Матеј и Луна“, кој е во…

Истакнатата пијанистка и авторка Снежана Анастасова-Чадиковска меѓу добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

Истакнатата пијанистка, професорка и авторка Снежана Анастасова-Чадиковска, писателот Јован Павловски и академската сликарка и костимографка Елена Дончева се годинешните добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“. Тие го добиваат ова признание за своите заслуги во областа на културата и уметноста. Министерството за култура соопшти дека универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи ја добива наградата во областа на…

Одбележуваме 82 години од печатењето на стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин

Антологиската стихозбирка „Бели мугри“ од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин е отпечатена на денешен ден (25 ноември) во 1939 година, во печатницата на Драгутин Шпулер во гратчето Самобор, во непосредна близина на Загреб, во Хрватска. Денес, 82 години подоцна, важи за едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Со стиховите од „Бели…

Наталија Лукомска: Беше предизвик и задоволство да се нацрта чудното, шарено, животинско царство на „Ши, ѕифри, копчи“

Децата го запознаваат светот на книгите најпрвин преку сликовниците. Прво „читаат“ преку илустрациите, па потоа ги учат зборовите и буквите… Покрај тоа што ја дополнуваат и ја раскажуваат приказната, илустрациите исто така ја поттикнуваат имагинацијата кај децата. Магично ги оживува навидум „невидливите“ ликови, емоции и појави. Една од најактуелните илустраторки кај нас, Наталија Лукомска, повеќе…

Владимир Лукаш: „Ши, ѕифри, копчи“ е сликовница во која стиховите стануваат слики, а илустрациите – песни

Со музичко „читање“ во придружба на својата гитара, вчеравечер (18 ноември) во книжарницата Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол“, авторот Владимир Лукаш ја промовира својата нова сликовница „Ши, ѕифри, копчи“. Делото, кое е со илустрации на Наталија Лукомска, е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Промоторка на книгата беше уредничката Оливера…