Извадок: ЈАВАЧ НА КИТОВИ од Вити Ихимаера

Излеговме од автопатот и се упативме кон патот за Вангара. Беше толку темно што морав да ги вклучам фаровите до максимум. Го погледнав осветлениот облак. Имав некое чудно чувство дека неговиот центар е точно над селото. Почувствував наплив на страв и ми олесни кога Вангара ни беше во видик.

Најпродавани наслови во 2014 година

2014-тата година за нас беше без сомнение година на многу нови и успешни приказни. Од почетокот на годината, па до овој момент издадовме преку 400 нови наслови, како од областа на белетристиката, така и од стручната литература.

Пишувањето е прекрасна и ужасна работа

Гудридс интервју со Стивен Кинг по повод неговиот најнов роман „Оживување“   Последниот роман на Стивен Кинг „Оживување“ (Revival), го обележува враќањето на екстремно натприродниот хорор со кој се прослави авторот на повеќе од 50-те глобални бестселери- вклучувајќи ги и „Сјаење“ (The Shining), „Гробишта за домашни миленици“ (Pet Sematary) и Тоа (It).

„Quo Vadis“ ми е првата катарза

Моја библиотека: Румена Бужаровска   Писателка, професорка, борец за човекови (и женски права), девојка од „град“ и умница уште од многу мала :). Неколку зборови што само донекаде се трудат да ја доловат Румена Бужаровска, која деновиве ја промовираше својата трета збирка раскази „Мојот маж“ (едно многу фино заокружување на „Чкртки“ и „Осмица“).

„Мајсторот и Маргарита“ ми отвори цел еден универзум

Моја библиотека: Срѓан Јаниќијевиќ   Режисер, сценарист, актер, музичар, уметник, Ди-Џеј… најверојатно има уште многу работи со кои се занимава, а не се на оваа листа. Покрај тоа, за Срѓан Јаниќијевиќ можеме слободно да кажеме дека е еден од малкуте ликови што биле директно инволвирани во создавањето на урбаната култура во Скопје.

Омилените книги на Џонатан Френцен

Американскиот писател Џонатан Френцен се прослави со романот „Корекции“ (2001), додека со романот „Слобода“ (2010) тој стана еден од најчитаните светски писатели и едно од најголемите книжевни имиња на 21. век.

Франкфурт 2014: Книжевни трендови оваа есен

Минатата недела го посетивме најголемиот саем на книга во светот – Frankfurt Buchmesse. Саемот траеше од 8 до 12 октомври, распослан на површина 190.000 м2, со 7.300 излагачи од 102 земји од светот, 600 литературни агенти, 9.300 новинари од 71 земја, преку 300.000 посетители, и непознат број изодени километри низ 8-те огромни хали на саемот.…

„Црното лале“ ми е нешто најскапоцено од детството

Моја библиотека: Лидија Капушевска Дракулевска   Професорката Лидија Капушевска Дракулевска, како што ја опишуваат нејзините студенти, е многу добра и скромна личност, секогаш отворена и достапна, и е една од омилените професори на катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Освен што е професор на Филолошкиот факултет, Лидија е книжевен теоретичар, критичар…

Шекспир ми е мрак!

Моја библиотека: Гораст Цветковски   Еден е од најдобрите млади актери на македонската сцена. Покрај неоспорниот талент за глума, Гораст Цветковски е и цар за компјутери, пасиониран  програмер и веб дизајнер, зависник од видео игри и адреналин… И плус, од моментот кога ќе се појави па сè додека не се разделите – не престанува да ве…

Извадок: Марсел Пруст, „ВО ПОТРАГА ПО ЗАГУБЕНОТО ВРЕМЕ“, ТОМ 1 (КОМБРЕ)

Ми се чини мошне разумно келтското верување дека душите на оние што сме ги загубиле се заробени во некое пониско суштество, во некое животно, растение, некој нежив предмет, дека се загубени за нас сè до денот, кој за многумина не доаѓа никогаш, кога ќе поминеме покрај дрвото, кога ќе ни дојде в рака предметот што…

Заповедите на Хенри Милер

Иконичниот писател и сликар Хенри Милер ја спроведувал својата секојдневна „пишувачка“ рутина, подетално објаснета во книгата „Хенри Милер за пишувањето“, водејќи се по неговите т.н. „11 заповеди“. Во 1932-1933, додека работел на она што ќе прерасне во неговиот прв објавен роман – „Раковиот напоредник“, Милер се мотивирал со „единаесетте заповеди за пишувањето“. Работи само на…

Пол Муад Диб ми беше алтер его

Моја библиотека: Бојан Трифуновски   Бојан Трифуновски е еден од оние ликови со кои можеш да правиш муабети до сабајле, на многу теми, од театар и филм до квантна физика, но која и да е темата едно е јасно: he knows his books! Не само драми, не само класици, не само она што морал да…

Извадок: Новак Ѓоковиќ „Сервирај за победа“

Цонга е стројно момче од 90 килограми „суви“ мускули,  еден од најголемите и најсилните тенисери, а сервисот му достигнува брзина и до 225 км/ч. Кога целата тежина ќе ја внесе во ритернот, топчето ви се враќа „тешко“, со таква комбинација од брзина и топспин што ви се чини дека ќе ви го избие рекетот од…

Најпродаваните наслови на Garage Sale

По успешната и многу забавна недела на нашиот штанд на Garage Sale во Ramstore Mall, ви пренесуваме дел од атмосферата и ви ги претставуваме најпродаваните наслови во текот на овие седум дена. Garage Sale во Ramstore Mall траеше од 20 до 27 август, а нашите најпопуларни наслови беа на попусти од 30%, 50% и 70%.…