Извадок: „Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна“ од Јонас Јонасон

Алан и Херберт трите дена чекање ги поминале во одмарање, бидејќи храната во палатата на премиерот била вкусна, а креветите меки. Американските бомбардери му се приближувале на Пјонгјанг многу ретко, бидејќи нишанеле на поедноставни цели. Конечно дошол и тој ден. По Алан дошол првиот човек на првиот човек на премиерот и го испратил по ходниците…

Во најава е екранизација на „Нека снежи“

Продукциската куќа „Јуниверзал“ ја најави екранизацијата на книгата „Нека снежи“ за 9 декември 2016 година. Филмот ќе биде базиран на збирката од три љубовни зимски раскази од триото најпродавани автори на денешницата, Џон Грин, Морин Џонсон и Лорин Миракл. Оваа трогателна, смешна книга, исполнета со празнична магија, е достапна на македонски јазик во издание на…

Најдобрите книги за 2015 година според Гудридс

Наградите според изборот на Гудридс, светски познатата веб-страница наменета за љубители на книги која брои 40 милиони членови се единствените големи награди за книги што се избрани од читателите. Ова е нивниот избор за најдобрите на годината! Фикција: Go set a watchman, Harper Lee / Оди постави стражар, од Харпер Ли Мошне очекуваниот роман на Харпер Ли за кој сите зборуваат…

Извадок: „Книга за телото“ од Камерон Дијаз со Сандра Барк

Кога зборувам за храна заради прехранување и јадење добра храна, јадење вистинска храна и јадење необработена храна, зборувам за храна што расте на Земјата или се одржува на Земјата и не е технолошки третирана. Како? Со избегнување брза и обработена храна. Со избирање зрна, зеленчук и овошје, кои се што е можно поблизу до земјата…

„Книга за телото“ од Камерон Дијаз

Во „Книга за телото“, број еден бестселер на Њујорк Тајмс, Камерон Дијаз ја споделува сопствената формула како да се биде поздрава, посилна и посреќна личност. Ги презентира пристапот и филозофијата за долг, здрав и среќен живот, поддржани од многубројни научни истражувања на светските експерти, а пренесени на нејзин личен јазик, стил и страст. Актерката служи…

Извадок: „Уличниот мачор Боб“ од Џејмс Бовен

Морав да го носам на ветеринар. Знаев дека моите импровизирани лекови нема да бидат доволни за да се излекува раната. И немав поим какви други здравствени проблеми може да има. Не сакав да ризикувам и да чекам, па одлучив да станам рано следното утро да го однесам во најблискиот центар за незгрижени животни, на другиот…

„Уличниот мачор Боб“ ќе добие филмска адаптација

Бестселер автобиографијата за бездомниот уличен пејач Џејмс Бовен, во која тој раскажува за своето опоравување од зависноста со помош од еден напуштен мачор, ќе добие филмска адаптација. Тоа беше приказна со мошне скромен почеток, приказна за патот до опоравувањето на еден човек од бездомништвото и зависноста со еден напуштен мачор за пријател до себе. Сега,…

Извадок: „Те чекам“ од Џенифер Л. Арментраут

Имаше две нешта во животот што можеа да ме извадат од памет. Едната беше да се разбудам среде ноќ и пред себе да видам дух внесен со своето проѕирно лице кон моето. Не е баш многу веројатно да се случи, а сепак прилично бизарно да се помисли. Втората работа беше да задоцнам и да треба…

„Арс Либрис“ и „Либи“ на саемот на книгата, Кочани 2015

Во рамките на одбележувањето на месецот на книгата, Јавната општинска установа библиотека „Искра“ – Кочани го организира традиционалниот есенски продажен „10. Саем на книгата – Кочани 2015“, како понуда на најнови наслови на книги од повеќе издавачки куќи до љубителите на пишуваниот збор во општината Кочани. Издавачката куќа „Арс Ламина“, со своите импринти „Арс Либрис“…

Ново од Арс Либрис: Најчитаната љубовна романса „Те чекам“

За некои работи вреди да се бориш… Една случка го урива светот на 19-годишната Ејвори Морганстен и таа бега од фамилијата, од нејзиното минато и најпосле од себеси. Таа се надева дека работите ќе останат такви какви што се, но судбината – и неверојатно згодниот синоок Камерон – не мислат така. Наеднаш, Камерон е насекаде околу…

Сакав да ги раскажам приказните од моето минато

Интервју со турскиот писател Бурхан Сонмез, авторот на „Невини“   Многу мали приказни сочинуваат една голема што се случува помеѓу Турција и Кембриџ (Обединетото Кралство) во која се испреплетени спомени и прогонства.   Бурхан Сонмез е млад турски писател којшто со години е присилен да живее во егзил во Кембриџ, Англија, поради политички причини.

Приказна за љубовта, гревовите и тајните

„Невини“ на Бурхан Сонмез ја раскажува приказната за двајца млади, дојденци од различни земји, кои случајно се сретнуваат во една продавница во Кембриџ: Брани Таво, Курд, политички бегалец од Турција, и Ферузе, пребегната во Белика Британија од Иран за време на тамошната револуција. И двајцата имаат свои тајни и гревови.

БЕЛГРАЃАНКИ – книга за поинаквите жени

Во приказните во „Белграѓанки“ на читателите им се претставуваат поинакви девојки, жени, пријателки, мајки и љубовници. Сите тие заедно како белграѓанки, но и секоја за себе, ни откриваат чудни ликови од велеградското милје, какво што, на прв поглед можеби не забележуваме.

Книгите ме одбираат мене, а не јас нив

Моја библиотека: Ана Зафирова   Ана Зафирова ја знаеме како долгогодишен новинар и радио и ТВ водител, но она што дефинитивно најмногу ќе остане запаметено, барем кај жителите на Скопје, е емисијата „Врти Сучи тоа ти е Скопје“ – една урбана, неформална емисија во која се свртеа сите градски ликови :).