Извадок: ЈАВАЧ НА КИТОВИ од Вити Ихимаера
Излеговме од автопатот и се упативме кон патот за Вангара. Беше толку темно што морав да ги вклучам фаровите до максимум. Го погледнав осветлениот облак. Имав некое чудно чувство дека неговиот центар е точно над селото. Почувствував наплив на страв и ми олесни кога Вангара ни беше во видик.
