Сеќавање на старо Скопје со книгата „Динга стоп“ од Владимир Плавевски во книжарницата „Литература.мк“
Во присуство на бројни стари скопјани и новомаалци, вчера (26 јули) во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“ се одржа промотивна средба за збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски. Со промоцијата на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше одбележана 55-годишнината…


