Извадок: Марсел Пруст, „ВО ПОТРАГА ПО ЗАГУБЕНОТО ВРЕМЕ“, ТОМ 1 (КОМБРЕ)

Ми се чини мошне разумно келтското верување дека душите на оние што сме ги загубиле се заробени во некое пониско суштество, во некое животно, растение, некој нежив предмет, дека се загубени за нас сè до денот, кој за многумина не доаѓа никогаш, кога ќе поминеме покрај дрвото, кога ќе ни дојде в рака предметот што…