„Боксерот од Ново маало“ е вистинска скопска приказна за маалски тепач кој стана успешен боксер
Животот и духот на Ново маало во старото Скопје и уникатната приказна за вистинскиот лик со измислено име, Ангел Тотевски или Шуре Катиљ, кој од уличен тепач станува успешен боксер во клубот „Вардар“ и маалска легенда. Ова се двете главни точки во романот „Боксерот од Ново маало“ на авторот Владимир Плавевски, кој вчера беше промовиран…

