Задоволството помеѓу агониите е еликсир на постоењето

Моја библиотека: Илина Јакимовска   Илина Ј., или Илина Букбокс, или професорката Илина – како милувате. Девојка чиј ведар лик го знаат и оние генерации кои „на времето“ киснеле во Галерија и Безистен, цел твитер МК, студентите на етнологија кои не може да не ја споменат „омилената“ професорка…