Маја Мишевска: Со моите сликовници сакам да им помогнам на децата да го прифатат светот околу нив
Темнината не е страшна! Дружељубивоста е важна! Упорноста се исплати! Другарството е богатство! Ова се главните пораки на сликовниците од младата авторка Маја Мишевска, објавени под едицијата „Железница на чувствата“, во рамките на импринтот „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Досега од печат се излезени: „Бувот Оли“, „Гасеницата Кики“, „Мравката Тони“ и „Бумбарот Боби“,…

