Нина Максимова: Објавувањето на „Осаменото дрво“ е охрабрување да продолжам да пишувам

Еднаш, многу, многу одамна, пред милиони, милиони години, кога се создавал светот, кога се појавиле првата светлина и првиот зрак, кога се создале сите планети, комети, големи и мали ѕвезди и соѕвездија, на една малечка планета никнало едно дрво. Тоа дрво било толку големо што ја зафаќало целата планета… Токму тоа дрво е главниот протагонист…