„Белиот чад“ како филм ноар
Никола Гелевски: Сложената и разгранета наративна конструкција во „Белиот чад“, како во ноар филмот, создава свет во кој преовладува чувството на отуѓеност и фатеност во стапица од која нема излез. Дистанцирани од нормалниот свет, но истовремено и нурнати во неговите мрачни текови, ликовите се обележани со некој вид дефинитивна изолираност и отуѓеност, а нивната оддалеченост од стварноста станува безнадежна. Оливера Николова е одлична портретистка, виртуозна создавачка на атмосфера и неуморна барачка на суптилни детали.

