Арс Ламина и Literatura.mk на Саемот на книгата 2015

  Над 300 нови наслови, големи саемски намалувања, промоции и средби со реномирани автори, креативни работилници, проекции, конкурс за краток хумористичен расказ, многу настани и забава, награди и подароци – ова е само дел од она што годинава Арс Ламина публикации ќе го понуди на својот штанд на Саемот на книгата. Љубителите на добрата книга знаат дека…

Приказна за љубовта, гревовите и тајните

„Невини“ на Бурхан Сонмез ја раскажува приказната за двајца млади, дојденци од различни земји, кои случајно се сретнуваат во една продавница во Кембриџ: Брани Таво, Курд, политички бегалец од Турција, и Ферузе, пребегната во Белика Британија од Иран за време на тамошната револуција. И двајцата имаат свои тајни и гревови.

БЕЛГРАЃАНКИ – книга за поинаквите жени

Во приказните во „Белграѓанки“ на читателите им се претставуваат поинакви девојки, жени, пријателки, мајки и љубовници. Сите тие заедно како белграѓанки, но и секоја за себе, ни откриваат чудни ликови од велеградското милје, какво што, на прв поглед можеби не забележуваме.

Најпродавани наслови во 2014 година

2014-тата година за нас беше без сомнение година на многу нови и успешни приказни. Од почетокот на годината, па до овој момент издадовме преку 400 нови наслови, како од областа на белетристиката, така и од стручната литература.

„Мајсторот и Маргарита“ ми отвори цел еден универзум

Моја библиотека: Срѓан Јаниќијевиќ   Режисер, сценарист, актер, музичар, уметник, Ди-Џеј… најверојатно има уште многу работи со кои се занимава, а не се на оваа листа. Покрај тоа, за Срѓан Јаниќијевиќ можеме слободно да кажеме дека е еден од малкуте ликови што биле директно инволвирани во создавањето на урбаната култура во Скопје.

Книги и мода – совршен пар!

Арс Либрис и Литература.мк – дел од овогодинешниот FWSK   Зошто книги и мода, или книги и стил? Затоа што, според нас, книгите се исто толку битни за градењето на стилот како што е тоа и облеката – едното те оформува однадвор, а другото однатре :).   Арс Либрис катчето на FWSK ќе можете да…

Задоволството помеѓу агониите е еликсир на постоењето

Моја библиотека: Илина Јакимовска   Илина Ј., или Илина Букбокс, или професорката Илина – како милувате. Девојка чиј ведар лик го знаат и оние генерации кои „на времето“ киснеле во Галерија и Безистен, цел твитер МК, студентите на етнологија кои не може да не ја споменат „омилената“ професорка…

Извадок: Томас Ман, ВОЛШЕБНИОТ РИД, ТОМ 2

Каде сме ние? Што е ова? Каде нè однесе сонот? Самрак, дожд и нечистотија, огнено руменило на матното небо кое непрестајно рика од тешкиот грмеж, влажниот воздух е исполнет и раскинат од остро пеење, со бесно рикање како да лаат сите пци на пеколот, рикање кое завршува со распрснување, бликање, кршење и пламења, со јачење…

Извадок: Марсел Пруст, „ВО ПОТРАГА ПО ЗАГУБЕНОТО ВРЕМЕ“, ТОМ 1 (КОМБРЕ)

Ми се чини мошне разумно келтското верување дека душите на оние што сме ги загубиле се заробени во некое пониско суштество, во некое животно, растение, некој нежив предмет, дека се загубени за нас сè до денот, кој за многумина не доаѓа никогаш, кога ќе поминеме покрај дрвото, кога ќе ни дојде в рака предметот што…

Пол Муад Диб ми беше алтер его

Моја библиотека: Бојан Трифуновски   Бојан Трифуновски е еден од оние ликови со кои можеш да правиш муабети до сабајле, на многу теми, од театар и филм до квантна физика, но која и да е темата едно е јасно: he knows his books! Не само драми, не само класици, не само она што морал да…

Извадок: Новак Ѓоковиќ „Сервирај за победа“

Цонга е стројно момче од 90 килограми „суви“ мускули,  еден од најголемите и најсилните тенисери, а сервисот му достигнува брзина и до 225 км/ч. Кога целата тежина ќе ја внесе во ритернот, топчето ви се враќа „тешко“, со таква комбинација од брзина и топспин што ви се чини дека ќе ви го избие рекетот од…

Рецензија: „БЕЗНАДЕЖНО“

Откривањето на вистината понекогаш може да те направи побезнадежен од верувањето во лагите… Тоа е она што го сфаќа седумнаесетгодишната Скај откако го запознава Дин Холдер. Типче со репутација која може да ѝ парира на нејзината и способност во неа да предизвика чувства за кои претходно не била ни свесна дека постојат. Тој истовремено ја…

Најпродаваните наслови на Garage Sale

По успешната и многу забавна недела на нашиот штанд на Garage Sale во Ramstore Mall, ви пренесуваме дел од атмосферата и ви ги претставуваме најпродаваните наслови во текот на овие седум дена. Garage Sale во Ramstore Mall траеше од 20 до 27 август, а нашите најпопуларни наслови беа на попусти од 30%, 50% и 70%.…

Рецензија: „РАСКАЖУВАЧКАТА“

Сите имаме некоја скриена тајна, нешто што го чуваме длабоко во себе за другите да не можат да го видат. За жал, Сејџ Сингер ја нема таа можност. Нејзината тајна, нејзината вина е испишана низ нејзиното лице, една грозна лузна која таа дозволува да го контролира нејзиниот живот. Поради таа лузна Сејџ не сака да…