Филмот „Смрт на Нил“, снимен по крими-романот на Агата Кристи, наскоро во „Синеплекс“ во Скопје

Новиот филм „Смрт на Нил“, што е снимен по крими-романот од Агата Кристи, премиерно ќе биде прикажан на 17 февруари 2022 година во кината „Синеплекс“ во Скопје. По адаптацијата на култниот роман од Агата Кристи„Убиство во Ориент експрес“ во 2017 година, познатиот британски актер и режисер Кенет Брана ја филмува и приказната од „Смрт на…

„Барби од подрумот“ од Маша Колановиќ е носталгична приказна за последното детство во Југославија

Додека небото го прелетуваат борбени летала, а животот се одвива според диктатот на тревожните сирени, истовремено пред влезовите и низ маалата во Загреб се случува непрекинато детство, кое, гледано од денешен аспект, има музејска вредност. Главната игра е, всушност, паралелниот свет на популарните кукли-барбики, што толку внесено го создаваат децата од населбата Слобоштина. Ова е…

Излезе од печат „Хари Потер и Редот на фениксот“ од Џ. К. Роулинг во издание на „Арс Ламина“

Волшебна вест за сите љубители на Хари Потер! Од печат излезе „Хари Потер и Редот на фениксот“ од авторката Џ. К. Роулинг, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за петтиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата. Оваа,…

Сашко Илов: Книгата „Џоломарите“ е сведоштво за паганскиот ритуал кој е наше живо културно наследство

Традиционалниот пагански ритуал џоломари, што секоја Василица се одржува во селото Бегниште, Кавадаречко, е во фокусот на новата книга со фотографии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов. Монографијата, која е двојазична, на македонски и на англиски јазик, е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата беше…

Објавени три книги од серијалот за генијалниот детектив Шерлок Холмс од Артур Конан Дојл

Три значајни книги од книжевниот серијал за генијалниот детектив Шерлок Холмс од Артур Конан Дојл излегоа од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за: „Студија во скарлетна боја“, „Авантурите на Шерлок Холмс“ и „Баскервилскиот пес“, кои веќе се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“…

Јотам Отоленги во книгата за готвење „Plenty more“ открива нова вкусна димензија на зеленчукот

Од салата, додаток за главното јадење или малата чинија за гарнир, зеленчукот стана главно јадење, а зрната добија ново шарено руво и нов стил. Тоа е револуција која е смела, живописна и која постојано се шири. Во издигнувањето на зеленчукот во главен специјалитет многу помогна интернационалниот бестселер – книгата за готвење „Plenty more“ од познатиот…

Нови читанки во издание на „Либи“ за сите деца кои сакаат да прочитаат книга плус

Читањето е супермоќ! Тоа е една од најубавите навики што децата ја стекнуваат уште од најраните години. Со книгите најпрвин се запознаваат преку слушање на приказните што им ги читаат возрасните. Преку нивната селекција, се гради и вкусот за литература на децата. Кога ќе научат да читаат добиваат бесконечна слобода и можности за подобро запознавање…

Роза Вентрела: „Градината на олеандрите“ е семејна сага за судбините на четири храбри жени

Интернационалниот бестселер „Градината на олеандрите“ од италијанската писателка Роза Вентрела, кој е семејна сага од југот на Италија, во периодот пред и по Втората светска војна, вчеравечер (20 декември) беше промовиран преку онлајн-разговорот, кој во живо можеше да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Покрај авторката, на онлајн-промоцијата се вклучија и проф.…

Италијанската писателка Роза Вентрела онлајн ќе го промовира македонското издание на романот „Градината на олеандрите“

Интернационалниот бестселер „Градината на олеандрите“ од италијанската писателка Роза Вентрела ќе биде промовиран вечерва (20 декември, понеделник), со почеток во 19 часот, преку онлајн-разговорот, кој во живо ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Покрај авторката, на онлајн-промоцијата ќе се вклучат и проф. д-р Радица Никодиновска, која го преведе романот…

Новиот роман на Moџо Килингтон, „Уништување“, е емотивен, брутално соголен и интензивен

Новата книга на Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон, „Уништување“, ќе биде промовирана на втори декември (четврток), со почеток во 19 часот, во книжарницата Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Романот „Уништување“ е дел…

Романот „И љубовта“ од Драго Јанчар е приказна за Марибор во виорот на Втората светска војна

Судбината на словенечкиот град Марибор и неговите граѓани за време на Втората светска војна е во фокусот на романот „И љубовта“, од еден од најпознатите современи словенечки писатели, Драго Јанчар. Ова е втора книга од Јанчар, по „Таа ноќ ја видов“, која на македонски јазик е објавена во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс…

„Бело се пере на деведесет“ од Броња Жакељ е роман за растењето и за соочувањето со загубите

Наградуваниот роман „Бело се пере на деведесет“ од словенечката авторка и новинарка Броња Жакељ излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата е дел од едицијата „Литера модерна“. „Бело се пере на деведесет“ е шокантен, духовит и инспиративен роман, што ја бележи животната приказна на…

Јелена Лужина: Во „Скопски есеи“ ги портретирам големците кои оставиле трага врз македонската култура

„Еден град се усвојува, а не се освојува. Природно е и нормално градовите да ги У-својуваме, а не да ги О-својуваме! И обратно: тие да нè У-својуваат нас.“ Со овие зборови познатата преведувачка, театролог и книжевен теоретичар, Јелена Лужина нѐ воведува во својата нова книга „Скопски есеи“, која беше претставена со онлајн-промоција, на 13 ноември…

Мултимедијална промоција на збирката песни „Карши“ од Маријана Котевска-Георгиева

Со мултимедијален настан, на 3 октомври (недела), со почеток во 19 часот, во Капан ан, ќе биде промовирана збирката песни „Карши“ од авторката Маријана Котевска-Георгиева. Книгата, која е објавена на македонски и на англиски јазик, е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Англиската верзија на стихозбирката, со наслов Across from…

„Ветената земја“ од Барак Обама објавена на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

Една од најочекуваните книги за оваа година, „Ветената земја“ од Барак Обама, деновиве излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Новата автобиографска книга на поранешниот претседател на САД веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, а ќе може да се нарача и онлајн, преку…