Давор Панчевски: Чест ми е што го презентирав готвачот „Најдоброто од македонската кујна“ пред дипломатите

Со подготовка на мекици и презентација на избор од традиционалните специјалитети, младиот готвач Давор Панчевски, познат како Dave’s kitchen, ја промовира својата книга „Најдоброто од македонската кујна“ пред првата дама г-ѓата Елизабета Ѓоргиевска и претставниците од дипломатскиот кор. Настанот почна со презентација во живо – како се прават мекици. Панчевски го објасни процесот на подготовка…

„Да се смислува и да се талка“ од Џеф Безос – најбарана книга од областа на нефикцијата во „Литература.мк“

Збирката размисли на најбогатиот човек во светот и основач на „Амазон“,  Џеф Безос – „Да се смислува и да се талка“ е најпродавана книга од областа на нефикцијата, во книжарниците „Литература.мк“, минатиот месец. На листата се и новите мотивациски книги: „Гласот во нашата глава, зошто е важен и како да го користиме“ од Итан Крос,…

Топ 10 најпродавани книги од „Литература.мк“ во јуни

Бестселерот на „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“ и „Ју-ес-еј тудеј“, „Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс, кој на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, е најпродаваната книга во книжарниците „Литература.мк“, во јуни. На почетокот на летото меѓу најбараните наслови се: историско-фантастичниот роман „Невидливиот живот на Ади Лару“ од В. Е. Шваб, „Исповеди“ од бестселинг…

Џон Илија Апелгрен: Книгата „Забранети луѓе“ се солидаризира со музичарите кои беа „забранети“ за време на пандемијата

Со музички настап во живо, во присуство на многубројни гости, вчеравечер (22 јуни), во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“, познатиот џез-вокалист Џон Илија Апелгрен ја промовираше својата прва книга „Забранети луѓе“. Делото, кое е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е своевидно сведоштво за незавидната состојба на дел…

Топ 10 најпродавани книги од „Литература.мк“ во мај

Победничкиот роман на наградата „Пегаз“ за 2021 година – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков е најпродаваната книга од областа на фикцијата во „Литература.мк“ во мај. На топ 10 листата доминираат изданија со историска фикција: хит-романот „Седумте мажи на Евелин Хуго“, делата од најпознатиот современ турски писател Орхан Памук – „Се викам црвена“ и…

Поговор кон „Кадифената покривка“ од Оливера Николова

Оливера Ќорвезироска: Задачата што Оливера Николова си ја поставила себеси во „Кадифената покривка“ е да ги оживее личните приказни на убијките, да ги открие и долови мотивите на злосторствата, да ги дешифрира и да ги „реши“ според одличната, проверена и препознатлива сопствена раскажувачка формула; да ги направи разбирливи, да ги донесе блиску пред нас, да ни ги послужи на подавалникот на можното, да ги вгнезди во едно обично секојдневие, во една обична стварност каква што е оваа околу нас.

Бредли Купер снима филм за легендарниот американски композитор, диригент и пијанист Леонард Бернштајн

Животната приказна на легендарниот американски композитор, диригент и пијанист Леонард Бернштајн е во фокусот на „Нетфликс“. Снимањето на проектот наречен „Маестро“ почна деновиве, а се очекува да се емитува на стриминг-сервисот следната година. Главната улога ја толкува Бредли Купер, кој е и режисер на филмот. Покрај него, се појавува и Кери Малиган, која ја игра…

Промоција на книгата „ОбојОбојОбој“ од Јордан Николов во КЦ „Магаза“во Битола

Книгата „ОбојОбојОбој“ од авторот Јордан Николов ќе биде промовирана на 26 мај (четврток), со почеток во 19 часот, во КЦ „Магаза“, Битола. Збирката раскази, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е најново прозно остварување на Николов – битолчанец, книжевник и диск-џокеј. Промоторка на книгата ќе биде Бисера Бендевска,…

Поговор кон романот „Куклите на Росица“ од Оливера Николова

Елизабета Баковска: „Куклите на Росица“ е еден од ретките македонски национално-историографски романи напишани од жена. Наспроти Оливера Николова, за ваквите (речиси романтичарски) национално-историски теми има пишувано цела една плејада македонски класици, како Петре М. Андреевски, Коле Чашуле, Стале Попов, Ѓорѓи Абаџиев… „Куклите на Росица“ е комплексен приказ на бурни и често сè уште недоволно разјаснети (или постојано проблематизирани) случувања поврзани со создавањето на македонскиот национален идентитет.

Поговор кон романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова

Калина Малеска: „Размислувајќи на што се должи впечатокот што ми го остави „Адамовото ребро“, сфаќам дека ова не е само роман за љубовта туку и роман што се преиспитува самиот себеси, си ги соочува и видоизменува своите теми, ги става во различни контексти од кои произлегуваат различни последици, ги судира протагонистите од различни времиња, ја истражува суштината на пишувањето, има јасна свест за историските немири и за тоа колку ликовите можат да бидат и колку можат да не бидат свесни за нив.“

Ден посветен на Хари Потер во „Литература.мк суперстор“ во „Сити мол“

Со промоција на книги, креативен конкурс, награди и изненадувања за фановите, на 16 април (сабота) од 11 до 13 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ ќе се одржи ден посветен на Хари Потер. На настанот ќе бидат прoгласени и наградени победниците на ликовниот и литературен конкурс „Светот на Хари Потер“, што се…

Двата последни дела од книгите за Хари Потер излегоа од печат во издание на „Арс Ламина“

Нова, двојна доза книжевна магија со Хари Потер! Со нетрпение очекуваните шести и седми дел од книжевниот серијал за Хари Потер од Џ. К. Роулинг деновиве излегоа од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Со „Хари Потер и Полукрвниот принц“ и „Хари Потер и Реликвиите на…

Кон „Хамнет“ од Меги О’Ферел: Роман за болката и за трансформацијата на животот во уметност

Дејството на романот „Хамнет“ од Меги О’Ферел е сместено во времето на пандемијата на грозницата наречена Црна смрт, што косела во Европа во 16 век и од која биле зафатени и театрите во Лондон. Во еден од нив, младиот Вилијам Шекспир создавал нов вид историја. Во „Хамнет“ Шекспир останува неименуван, а е прикажан како грижлив,…

Романот  „Хамнет“ е круна на книжевната кариера на писателката Меги О’Ферел

„Приказната за Хамнет Шекспир го чекала својот раскажувач повеќе од четиристотини години. Меги ѝ ја даде должната почит. Извонредно, потресно, импресивно.“ Овој коментар на наградуваната британска авторка Камила Шамси најдобро ја опишува една од најбараните и најнаградувани книги изминатите две години – „Хамнет“. Ова импресивно дело на Меги О’Ферел е меѓу најфалените романи напишани на…

Светот на Хари Потер – инспирација за литературен, ликовен и фото-конкурс

Волшебниот свет на Хари Потер е инспирација за новиот литературен, ликовен и фото-конкурс во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. На овој креативен предизвик, кој ќе трае од 18 февруари до 20 март 2022 година, право на учество имаат сите ученици од основните и од средните училишта, како и сите фанови на овој серијал. Тие…