Издавачката куќа „Арс Ламина“ го поддржува велосипедизмот во Македонија

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ја поддржа програмата „Вело Училишта“ и додели книги на учесниците во „Велокамп“ кој се одржа во одморалиштето Михајлово на планината Кожуф, оддалечено 38 километри од Кавадарци. Децата од ЈУ Детски дом „11 октомври“ беа групирани во три возрасни категории и учествуваа во голем број активности кои ги обработуваа темите за велосипедизам…

Марија Костадиновска: Во ликовите од „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ се пресликани денешните деца

– Главните ликови во книгата „Вистинска приказна за двете соседни кралства“, Хана и Фран, не се целосно измислени и може да се каже дека делчиња „позајмив“ од сето она што го гледам кај денешните деца. Си направив споредба со тоа каква бев јас како малечка, но јасно е дека децата се поинакви денес, модерни и…

Онлајн промоција на книгата „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ од Марија Костадиновска

Книгата за деца „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ на младата авторка Марија Костадиновска ќе биде промовирана онлајн, во понеделник (2 ноември), во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Делото е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и веќе е достапно во сите книжарници „Литература.мк“ или да се купи онлајн на…

Васил Мукаетов: Со новите три книги сакам да го доближам творештво на Цепенков до децата

Еден од најактивните македонски автори на литература за деца, Васил Мукаетов, неодамна објави три нови дела за младите читатели „Ај погоди!“, „Што е, а што не е?“ и „Од згода до згода, заграб бистра вода“. Станува збор за книги кои се дел од едицијата „Читанки“ на издавачката куќа „Арс Ламина“ и може да се најдат…

НАСКОРО: Книга за деца „Вистинска приказна за две соседни кралства“

Книгата за деца „Вистинска приказна за две соседни кралства“ чиј автор е Марија Костадиновска, а илустрациите се на Александра Филипоска, наскоро ќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ како и да се нарача онлајн на http://www.literatura.mk. Делото е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Ова воопшто не е некоја…

Книжарниците „Литература.мк“ го слават четвртиот роденден со подароци за сите потрошувачи

Првото катче насловено „Литература.мк“ посветено на сите вљубеници во книгата беше отворено на 15 октомври пред четири години, на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје, каде се најдоа изданија од најголемите издавачки куќи во земјава, со акцент на книгите на „Арс Ламина“. Синџирот продавници оттогаш растеше, ја надополнуваше понудата и сега има 7 книжарници низ…