„Инспирирај се за промени“ e книга која го отвoра патот за подобро утре

Новото и надополнето издание на книгата „Испирирај се за промени“ од Радмила Костова-Мила и Иван Лапчевиќ од неодамна може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на следниот линк. Станува збор за издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е дело кое го отвора патот и помага…

Стихозбирката „Скопјани“ од Гане Тодоровски достапна и во продажни места на дневниот весник „Слободен печат“

Стихозбирката „Скопјани“ од Гане Тодоровски е достапна да се купи во продажни места на дневниот весник „Слободен печат“ за 290 денари. Оваа книга е во издание на „Арс Ламина“ и е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“ во која досега се објавени 11 дела од Петре М. Андреевски. „Скопјани“, првпат е објавена во 1981 година,…

Наградата „Стале Попов“ за „Боксерот од Ново маало“ на Владимир Плавевски

Романот „Боксерот од Ново маало“ од авторот Владимир Плавевски, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ја доби престижната награда „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2020 година. Наградата е дел од годишните награди што ги доделува Друштвото на писатели на Македонија, а одлуката ја донесе тричлено жири во состав:…

Јоти Поповски: „Животниот пат на иноваторот“ е сведоштво за мојот бурен и продуктивен живот

„Млади иноватори, никогаш не се откажувајте од вашите соништа и идеи“, вели еден од најпродуктивните домашни пронаоѓачи, Јоти Поповски кој е троен добитник на престижната награда од „Енерџи глоуб“, а неговата експериментална пречистителна станица е инсталирана и на Антарктикот. Книгата „Животниот пат на иноваторот“ на Поповски, во која тој зборува за неговиот бурен и интересен…

Шарлота Папаи: „Македонско-унгарскиот разговорник“ е прв чекор кон зближување на овие два народа

Шарлота Папаи во периодот од 2007 до 2011 година работела како лектор по унгарски јазик на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде го предавала овој јазик, а во текот на престојот организирала и настани низ државата врзани со промоција на унгарската култура како изложби, концерти, балетски изведби итн. Таа воедно е и лектор…

Булингот прикажан во сликовницата „Денес ти нема да играш“ во суштина е апел за помош

Сликовницата „Денес ти нема да играш“ од шпанската авторка Пилар Серано и илустраторот Канизалес, во која фокусот е на булингот, беше промовирана вчера, онлајн на фејсбук-страницата „Литература.мк“. Со цел да се даде поголемо значење на овој проблем кој во светски рамки, како и во Македонија, станува сè поголем и на кој се става сè поголем…

Онлајн-промоција на сликовницата „Денеска ти нема да играш“ насочена кон булингот

Сликовницата „Денеска ти нема да играш“ од шпанската авторка Пилар Серано која е насочена кон исклучителна важна тема, односно булингот меѓу учениците, ќе биде промовирана онлајн на 4 февруари (четврток) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Станува збор за сликовница во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ која е веќе достапна во…

Издавачката куќа „Арс Ламина“ со новогодишни донации за „Меѓаши“ и за Црвен Крст – Кисела Вода

Следејќи ја својата хумана мисија, издавачката куќа „Арс Ламина“ на крајот на 2020 година додели новогодишни донации овој пат насочени кон две организации – Првата детска амбасада „Меѓаши“ и Црвениот крст – Кисела Вода. Богат избор на книги беа насочени кон деца кои се дел од социјално загрозени семејства, деца со посебни потреби, со оштетен…

„Мир-Божица-Ејрене“ од Аристофан е една од античките комедии во која и денес се препознаваат универзални вистини

Грчкиот драматург Аристофан има напишано голем број дела, но, за жал, само 11 се зачувани денес, а македонскиот превод на неговата комедија „Мир-Божица – Ејрене“ е дури негово деветто дело кое доживува домашно издание. Книгата која вчера беше промовирана онлајн на фејсбук-страницата на „Литература.мк“ е преведена од старогрчки јазик од пензионираната универзитетска професорка Елена Колева.…

Велко Неделковски: Стихозбирката „Тишината на зборот“ е за оној молк по ехото на изговорениот вистински збор

Еден од најактивни македонски писатели, Велко Неделковски неодамна ја издаде својата нова стихозбирка „Тишината на зборот“. Овој писател и сценарист е познат како автор на култната домашна серија „Втората смена“, добитник е на наградата за животно дело од Македонската радио-телевизија како и низа признанија за своите романи, раскази, радио и телевизиски драми и серии. Во…

Соња Трајковска: Првиот „Македонски-унгарски разговорник“ го напишав поради недостиг на домашна литература за овој јазик

Со цел да им го приближи унгарскиот јазик на македонските граѓани, авторката Соња Трајковска го напиша првиот „Македонско-унгарскиот разговорник“ кој вчера беше промовиран онлајн на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Се работи за кратко, но конструктивно дело во кое се вметнати секојдневни фрази што ќе му помогнат на секој турист или посетител да се снајде додека е…

Соња Трајковска: Се надевам дека „Македонско-унгарскиот разговорник“ ќе поттикне желба за учење на овој јазик

Онлајн-промоцијата на „Македонско-унгарскиот разговорник“ чиј автор е Соња Трајковска ќе се одржи на 26 јануари (вторник) во 20 часот на фејсбук-страницата „Литература.мк“. Ова дело е издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и наскоро ќе биде достапно во книжарниците „Литература.мк“ како и да се нарача онлајн на http://www.literatura.mk Пред промоцијата поразговаравме со…

Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

„Автобиографијата“ на Марко Цепенков, која првпат е адаптирана на современ македонски јазик, ќе биде промовирана на 29 декември (вторник) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Токму на 29 декември се одбележуваат 100 години од смртта на Цепенков, нашиот најистакнат собирач на народни умотворби и еден од првите прозаисти и раскажувачи во македонската книжевна историја.…

„Арс Ламина“ ја одбележува стогодишнината од смртта на Цепенков со нови изданија

Овој месец се навршуваат сто години од смртта на Марко Цепенков, нашиот најистакнат собирач на народни умотворби и еден од првите прозаисти и раскажувачи во македонската книжевна историја. Издавачката куќа „Арс Ламина“ во чест на овој јубилеј неодамна објави неколку нови изданија поврзани со творештвото на Цепенков. Деновиве, по тој повод, излезе од печат новото…

Зоран Спасов: „Тито, мојот претпоследен херој“ е книга за исповед на маршалот на млад лекар од Македонија

Книгата „Тито, мојот претпоследен херој“ на Зоран Спасов – Ѕоф неодамна излезе од печат и може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“. Станува збор за дело во кое се испреплетени и лични сеќавања и искуства на авторот, а средствата од авторските права и дел од средствата од продажбата ќе бидат насочени кон хуманитарни цели…