Подготвени за училиште со „Литература.мк“

За среќен и успешен почеток на новата учебна година, книжарниците „Литература.мк“ ја почнуваат продажната акција „Подготвени за училиште“, која ќе трае од 15 август до 10 септември. Во понудата се попусти до 30 отсто на селектирани производи за училиште од повеќе брендови. На намалување до 30 отсто се ранците од Herschel – глобалниот бренд за…

Промоција на „Варшавската срна“ од Мимоза Ристова во Музејот на Град Скопје

Новиот роман „Варшавската срна: трите љубови на Марија Склодовска Кири“ од Мимоза Ристова ќе биде промовиран на 14.06 (среда), во 19 часот, во Музејот на Град Скопје. Промотор на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. Романот се темели на некои општопознати факти…

Го одбележуваме Светскиот ден на театарот со книгите „Театарот и актерите од сосема друг агол“ и „Да се почне одново“

На 27 март, на иницијатива на Интернационалниот театарски институт – ИТИ на УНЕСКО, во глобални рамки се прославува Светскиот ден на театарот. Одбележувањето на овој ден е иницирано на 9. Светски конгрес на ИТИ на УНЕСКО во јуни 1961 година, а од следната година тој почнал да се слави на 27 март – датумот кога…

„Бакнежот на пролетта“ – бајка што ја буди еко-совеста

Во една земја, на крајот од последната улица на едно гратче, во една малечка куќичка под еден рид, живееше едно девојче со баба си. Откако знаеше за себе, девојчето секое утро седеше покрај прозорецот и гледаше надвор. Во дворот пред куќичката сѐ беше бело, а голите гранки на дрвјата на ридот беа клапнати под тежината…

Новиот роман на Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Ламина“, e добитник на наградата Роман на годината

Новиот роман на Влада Урошевиќ, „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, е добитник на наградата Роман на годината за 2022. Станува збор за седмиот роман на академик Урошевиќ, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Победникот на престижната…

Шест книги од „Арс Ламина“ влегоа во првата селекција за наградата Роман на годината

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, ја направи првата селекција од пристигнатите 35 романи, избирајќи 19 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда. Kомисијата, во состав Симона Јованоска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Илир Ајдини, Гоце Ристовски,…

Современите бајки од книгата „Детелинки-белинки“ ја збогатуваат домашната литература за деца

Новата книга за деца „Детелинки-белинки: современи бајки со четири листенца“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше претставена вчера (12 февруари) во „Литература суперстор“ во „Ист гејт мол“. На настанот, кој беше во рамките на „Денови на литературата“, кон книгата се осврна уредничката Оливера Ќорвезироска, а во продолжение групата…

Седум книги во издание на „Арс Ламина“ во конкуренција за наградата Роман на годината

Седум книги во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, влегоа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2022 година. Станува збор за насловите: „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ,…

Топ 10 образовни изданија што најмногу се бараа во „Литература.мк“ на почетокот на учебната година

Образованието е најважната инвестиција во животот на децата, но и во иднината на едно општество. За соодветна едукација, покрај стручните кадри, потребна е и адекватна литература: едукативни изданија, вежбанки, прирачници, работни тетратки… Тие се од голема помош, не само за учениците во совладување на материите по повеќето предмети туку се и од корист за наставниците…

Промовиран првиот сеопфатен учебник по детска стоматологија на македонски јазик – Детска стоматологија

Во присуство на многубројни гости од областа на образованието и стоматологијата, денеска (13 септември), во амфитеатарот на Стоматолошки факултет во Скопје беше промовиран првиот сеопфатен учебник по детска стоматологија кај нас – Детска стоматологија. Книгата, која ја напишаа група автори, е во издание на „Арс Ламина – публикации“.

Топ 10 книги од „Литература.мк“ за среќен почеток на првачињата

Со нетрпение го очекуваме први септември! Веруваме дека највозбудени се идните првачиња и нивните родители. Пред нив е почеток на ново поглавје, исполнето со интересни предизвици и многу новитети. Нема поубав начин да посакате некому среќен и успешен почеток на новата учебна година од дарување книга. Во очекување на првиот училиштен ден, ви претставуваме топ…

Средства од продажбата на „Љубов облечена во бело“ од Милена Лунеска ќе бидат донирани на здружението „Дајте ни крилја“

Авторката Милена Лунеска и издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе донираат средства од продажбата на стихозбирката „Љубов облечена во бело“ за невладината организација „Дајте ни крилја“. Со секој купен примерок од книгата, дел од заработката ќе биде наменет за поддршка на Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби – „Дајте…

Конкурсот за книжевната наградата „Пегаз“ отворен до први септември

Четвртиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, ќе биде отворен до први септември 2022 година. На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат…

Давор Панчевски: Чест ми е што го презентирав готвачот „Најдоброто од македонската кујна“ пред дипломатите

Со подготовка на мекици и презентација на избор од традиционалните специјалитети, младиот готвач Давор Панчевски, познат како Dave’s kitchen, ја промовира својата книга „Најдоброто од македонската кујна“ пред првата дама г-ѓата Елизабета Ѓоргиевска и претставниците од дипломатскиот кор. Настанот почна со презентација во живо – како се прават мекици. Панчевски го објасни процесот на подготовка…

Нина Максимова: Објавувањето на „Осаменото дрво“ е охрабрување да продолжам да пишувам

Еднаш, многу, многу одамна, пред милиони, милиони години, кога се создавал светот, кога се појавиле првата светлина и првиот зрак, кога се создале сите планети, комети, големи и мали ѕвезди и соѕвездија, на една малечка планета никнало едно дрво. Тоа дрво било толку големо што ја зафаќало целата планета… Токму тоа дрво е главниот протагонист…