Хари Кацановски: Со романот „Анатрос“ создадов посебен свет во кој ги спојувам науката и уметноста

Со промоцијата на новиот научно-фантастичен роман на Хари Кацановски, „Анатрос“, вчеравечер, 16 февруари (четврток), во „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ беше заокружена програмата на „Денови на литературата“. Книгата е дел од едицијата „Во еден здив“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Промоторка на книгата беше уредничката Оливера Ќорвезироска. – Големата жанровска…