„Капут од мов“ од Стефан Тиќми е поетски роман за созревањето
Новиот роман за деца „Капут од мов“ од младиот наградуван српски писател Стефан Тиќми излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Капут од мов“ е поетски роман за созревањето, за осаменоста, за уметноста, за љубовта и за природата како лек против најразличните проблеми на современиот човек…
