Убав почеток на неделата со „Литература.мк“

Со книгата „Стоте највлијателни жени во историјата“ ја почнуваме новата кампања на профилот на „Литература.мк“ на „Инстаграм“ – добра книга за убав почеток на неделата. Во коментар тагнете ја својата пријателката која е ваша инспирација и добијте ја на подарок книгата „Стоте највлијателни жени во историјата“! Извлекувањето ќе биде по случаен избор во понеделник, на…

Продаден е „Малиот принц“ од љубовното писмо на Сент-Егзипери

Цртеж сличен на „Малиот принц“ на кој „принцот“ седи на глобусот, што го красеше љубовното писмо на Антоан Сент-Егзипери, е продаден на аукција во Париз за 240.500 евра. Аукциската куќа „Арткуријал“ (Artcurial) соопшти дека акварелот е направен околу 1942 година, една година пред да биде објавен „Малиот принц“ во Њујорк. Сент-Егзипери, кој воедно бил и…

Детска литература: Топ осум (не)задолжителни лектири за на плажа

Во паузите од пливање и игрите на плажа, ќе се согласите дека книгите се најдобрата забава и релаксација на годишниот одмор. Покрај задолжителните лектири, ви предлагаме листа со осум (не)задолжителни романи, што можете да ги прочитате за време на распустот. Ова се поучни и забавни приказни, не само за децата туку и за родителите. Книги…

„Чувари на книгата“ е клуб на позитивни вљубеници во книгата

Со желба на едно место да се соберат позитивните вљубеници во книгата од различен профил, кои ќе споделуваат што читаат и ќе препорачуваат интересни наслови, неодамна блогерката Ана Томова, позната како Ана Том, ја основа групата на „Фејсбук“ – „Чувари на книгата“. За само неколку недели клубот брои речиси 700 членови од цела Македонија. Викендов…

Чита сто книги месечно и го открива начинот на кој вие можете да го направите тоа

Тереза може да „прочита“ книга од 400 страници за само неколку минути Тереза е менаџер за развој на бизнис и живее во Берлин, Германија. Минатиот месец успеала да прочита повеќе од сто наслови поврзани со психологијата, политиката и лидерството. Сè почна со обложување со колега, кој ја предизвикал дека за два часа може да ја…

Осум наслови што книжевните клубови на холивудските ѕвезди ги читаат ова лето

Повеќето веројатно веќе имаат слушнато за книжевниот клуб за читање на ТВ-водителката и активистка Опра Винфри. Уште од 1998 година таа во своето ток-шоу промовира наслови, што, благодарение на нејзиното влијание, стануваат хит меѓу читателите. Изминативе години Опра не е единствена славна промоторка на читањето. Свои клубови за книги имаат и други холивудски ѕвезди како…

Алиша Кис и Ешли Џад ги читаат приказните за добра ноќ за бунтовни девојчиња

Аренби-музичарката Алиша Кис и холивудската актерка Ешли Џад се дел познатите жени со моќен глас што ги читаат приказните во аудиоизданието на светскиот книжевен хит „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“. Покрај нив, во аудиоверзијата на книгата како наратори се јавуваат драматурката Данаи Гурира, музичарката Есперанца Спалдинг, актерката Џенин Гарофало, Мозан Марно од серијата…

Топ 10 летни литературни освежувања на вашата библиотека

Денеска, 21 јуни, во 12 часот и 7 минути официјално почнува летото. Ова е најдолгиот ден во годината, што ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето изгреа во 4:58 часот, а ќе зајде во 20:12 часот… Пред нас е долго топло лето, што ќе трае до 22 септември. Покрај одморот на плажа или повремените…

Обама летово се освежува со „тешки“ политички книги

Поранешниот американски претседател Барак Обама на својот профил на „Фејсбук“ откри што чита овој период. Тој летово се „освежува“ со пет книги и еден есеј со политичка содржина. Во својот пост нагласува дека откако ја изгледал последната сезона на шпионската ТВ-серија „Американците“, тој се посветил на читање книги. – Често ме прашуваат што читам, гледам…

Истанбул ја пренаменува славната касарна во библиотека

Касарната Рами, како библиотека, треба да биде една од најатрактивните точки во културниот и уметничкиот простор на Истанбул Проектот за реновирање го води Министерството за култура и туризам на Турција, а планирано е корисниците да имаат на располагање најмалку седум милиони книги. Касарната Рами се простира на 220.000 м2 површина и треба да стане една…

Џијан Емин – несудениот автоелектричар, повеќе од успешен музичар – гостин во „Астрорум“

  Како дете мечтаел да свири со Берлинската филхармонија, а последниве години и да диригира со неа. Речиси да не постои сомнеж дека Џијан Емин ќе ја оствари и оваа своја дамнешна желба, кога зад себе има достигнувања за кои мечтаат многу уметници на целата планета. До неодамна, две децении беше прв хорнист на Македонската…

Oсум најдобри филмови инспирирани од култни романи

Вљубениците во книгата ретко ќе најдат екранизација што ќе ги задоволи нивните критериуми, а читањето книга, по одгледаниот филм, дефинитивно ја уништува магијата. Токму затоа се отвора ново прашање, книга или филм? „Крамер против Крамер“ / Kramer vs. Kramer (1979) Ова е еден од оние филмови за кои сите слушале, а малкумина го гледале. „Крамер…

Извадок од: „Сестрата“ на Луиз Џенсен

„Каде беше сношти?“ Масата за појадок е исполнета со премолчувања и обвинувања. Ден отвора тегла мармалад, го втурнува внатре ножот. Се обидувам да не коментирам додека путерот се впива во портокаловото желе. Со чиста лажичка земам од мармаладот од јагоди и го ставам на страна на мојата чинија. „Излегов кратко на пијалак со момците.“ „До…

Супермен го слави 80-тиот роденден

Во време кога суперхероите ги сретнуваме насекаде, особено во последните холивудски продукции, сепак еден се издвојува – Супермен.   Осумдесет години откога дебитираше во изданијата на „Eкшн комикс“ (Action Comics), објавени во јуни 1938 година, Супермен и понатаму е култната американска икона и неоспорна ѕвезда на стрипот. Издавачката куќа „ДС комикс“ денес смета на него…

Пасионираниот колекционер на музички артефакти и автор на капиталната „Македонска рок енцикопедија“, Тошо Филиповски, гостин во „Астрорум“

„Македонската рок енциклопедија (1963 – 2018)“ е капитално дело од кое ќе имаат придобивка голем број минати, сегашни и идни генерации. Таа е искрен бележник од 500 страници на кои се втиснати 55 години музичка историја на 333 бендови и повеќе од 2.500 споменати музичари. Во ова ексклузивно енциклопедиско издание низ фактографијата поткрепена со 400…