IN MEMORIAM – Горан Стефановски (1952-2018)

Великанот на македонската драмска уметност Горан Стефановски почина во Кентбери во Англија, на 66-годишна возраст. Еден од најистакнатите писатели на современата македонска книжевност е роден на 27 април 1952 година во Битола. Автор е на култните драми „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“ и многу други.…

Промоција на илустрираната книга „Девет“ од Славимир Стојановиќ – Футро во книжарницата „Литература.мк“

На 27 ноември, вторник, со почеток во 19.30 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ ќе се одржи промоција на романот „Devet – roman u ilustrovanim pričama“ од еден од најпознатите графички дизајнери, Славимир Стојановиќ Футро. Книгата со илустрирани раскази е автобиографски и емотивен роман на Славимир, составен од 47 кратки раскази од најраните почетоци…

Номинација за blog.literatura.mk на изборот „Сајт на годината 2018“

Почитувани, blog.literatura.mk повторно е номиниран во категоријата за најдобар блог на изборот „Сајт на годината 2018“. Покрај блогот, номинирани се и Literatura.mk за е-трговија и огласување, Libi.mk и resursi.literatura.mk во категоријата сајтови за образование, наука и култура, додека obrazovanie.literatura.mk/ е во конкуренција за најдобар сајт. Вашите гласови може да ги дадете на веб-страницата sajtnagodinata.mk, каде…

Извадок од „Океј сме“ од Нина Лакур

Надвор е месечината, контурите на дрвјата, зградите на универзитетскиот комплекс, светилките што ја обележуваат патеката. Сега сето ова е мој дом и ќе остане мој дом и откако ќе си замине Мабел. Го впивам спокојството од тоа, острата вистина од него. Очите ме печат и грлото ме стега. Кога само би имала нешто што би…

Ивана Коцевска, балерина и кореографка со редок уметнички израз и непоправлива вљубеничка во чувството на слобода

Во ова издание на „Астрорум“ гостува нашата истакната балерина и кореографка со редок уметнички израз, Ивана Коцевска. Родена во Скопје на 27.08.1982 г. и стручното балетско образование го стекнува во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ Скопје, во класата на проф. Соња Здравкова-Џепароска. Во 2001 г. станува член на балетскиот ансамбл при Македонската Опера и Балет. Со толкување…

Отворена нова книжарница на „Литература.мк“ на Широк Сокак во Битола

На 17 ноември (сабота) на најфреквентното шеталиште во Битола, Широк Сокак, официјално беше отворена новата книжарница на „Литература.мк“. Почетокот на новата приказна на „Литература.мк“ во градот на конзулите беше одбележан со коктел-забава и концерт на познатата битолска група „Фолтин“. Уште во првите неколку часови, неколку стотици битолчани, од сите генерации ја посетија книжарницата, којашто е…

Промовирана книгата „Упатство за употреба на креативниот ум” од Дејв Бирс во „Литература.мк“

Светски популарната книга „Упатство за употреба на креативниот ум” од Дејв Бирс на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ беше промовирана во петокот, на 16 ноември, во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. – Ова е првпат некоја од моите книги да биде преведена на друг јазик. И среќен…

Миодраг Мики Петковски: Ја сакам слободата на креирањето музика

Миодраг Мики Петковски, познатиот клавијатурист на групите „Необични“, „Република 903“, „Безимени“, „Брег“, „Смак“ и „Леб и сол“ е гостин во ова издание на „Астрорум“. Тој иако има класично музичко образование, со години работи на авторска музика и свири во рок и џез-групи. Вели дека ја сака слободата на креирањето нова музика. Овој познат рок и…

Промоција на „Упатство за употреба на креативниот ум” од Дејв Бирс во „Литература.мк“

На 16 ноември, петок, со почеток во 19.30 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ ќе се одржи промоција на светски популарната книга „Упатство за употреба на креативниот ум” од Дејв Бирс. Книгата на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Ова е првпат некоја од книгите на…

Нова книжарница на „Литература.мк“ на Широк Сокак во Битола

Нова ексклузивна книжарница на „Литература.мк“ ќе биде отворена на 17 ноември (сабота) во 12 часот, на најфреквентното шеталиште во Битола, Широк Сокак. Стартот на новиот продажен простор ќе биде одбележан со концерт на познатата битолска група „Фолтин“, коктел-забава, како и многубројни изненадувања за најмладите. На денот на отворањето во книжарницата ќе има специјален попуст од…

Промовирана монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ од Ерина Богоева во „Литература.мк“

Монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ од Ерина Богоева, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (13 ноември) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Книгата содржи 80-ина фотографии, со фокус на 33 објекти создадени во втората половина на дваесеттиот век, меѓу кои: Управата за хидрометеоролошки работи,…

Го одбележуваме Моември со 15 книги од нашите полици

Со цел да се покрене свесноста за машкото здравје, веќе 15 години на светско ниво, секој ноември се одбележува т.н. „Моември“. Оваа акција е иницирана во Австралија во 2003 година со цел да се сврти вниманието кон еден од најчестите здравствени проблеми кај мажите – ракот на простата. Акцијата многу брзо стана глобална, а се…

Интервју со Ерина Богоева, авторка на монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“

Модерната архитектура претставува основна тематска преокупација во новиот циклус фотографии на Ерина Богоева. Преку своите најнови фотографии на кои се прикажани триесетина градби изградени во втората половина на дваесеттиот век, гледано од архитектонска перспектива, Богоева нè навраќа на најважниот период од историјата на развојот на градот – периодот на интензивната постземјотресна обнова. Избор од 80-ина…

„Арс Ламина“ со поддршка за младите физичари

Издавачката куќа „Арс Ламина- публикации“ продолжува да ги поддржува талентираните ученици, младите физичари и идни научници во Македонија. Имено, компанијата обезбеди награди за најдобрите ученици и нивните ментори во рамки на 42. Школа „Млади физичари“, што се одржува на 9 и 10 ноември (петок и сабота) во Природно-математичкиот факултет и во „Скопје сити мол“ (втор…

Биби пристигна во „Литература.мк“, јеееј!

Миленичката на децата, Биби, пристигна во „Литература.мк“! Јеееј! Во присуство на најмладите читатели и нивните родители, сликовницата „Светот на Биби од А до Ш“ беше промовирана вчера во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Светот на Биби пред присутните го претставија: Сребра Ѓорѓијевска од тимот на „Факултети.мк“ и „Деца.мк“, кој стои зад проектот, како и познатата…