Изложба на одамна недопрени, заборавени или т.н. „тажни книги“

Со цел да го поттикне интересот кај читателите, во Домот на културата „25 Мај“ во Валандово е поставена несекојдневна изложба на книгите што одамна никој не ги изнајмил од библиотеката. Дел од овие одамна недопрени, заборавени или т.н. „тажни книги“, со децении ниту еднаш не биле позајмени од читателите на Градската библиотека. По избор на…

Чанти инспирирани од книжевните класици

Француската дизајнерка Оливија Ле-Тан инспирирана од најпознатите светски книжевни класици изработи уникатни чанти. Меѓу нив се кориците на „Дракула“, „Злосторство и казна“ „Џеј Ер“, „Алиса во земјата на чудата“, „Моби Дик“, „Лолита“, „Стаклено ѕвоно“, „Пајажината на Климентина“. Овие т.н. „книги за носење“ се изработени од свила и волна. На нив рачно се везени мотиви од…

Одбележуваме 73 години од печатењето на „Македонска граматика“ од Круме Кепески

Веднаш по стандардизирањето на македонскиот јазик, пред 73 години, на 26 јануари 1946 година излегла до печат првата „Македонска граматика“, чиј автор е Круме Кепески. Најважната улога на Граматиката на Кепески е што ја развила свеста на Македонецот за сопствениот литературен јазик, а со тоа и за сопствената националност. Откако на заседанието на АСНОМ на…

Марија ја чита книгата „ГДЏ“ од Роалд Дал

Дали сте ја прочитале една од најубавите книги за деца, „ГДЏ“ од славниот британски писател Роалд Дал? Светскиот детски бестселер со препознатливите илустрации на Квентин Блејк, на македонски јазик е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – публикации“. ГДЏ не е таму некаков си обичен џин што дроби и џвака коски. Не, тој…

Бестселерот „Е, баш ме заболе!“ од Марк Менсон објавен на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“

Светскиот бестселер „Е, баш ме заболе!“ од Марк Менсон е објавен на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во оваа книга-водич за самопомош, што дефинира една цела генерација, авторот, кој е суперѕвезда во блогерските кругови, не нè замајува со тези од типот дека треба постојано да се обидуваме…

Стари книги како уметнички инсталации

  Уметникот Мајк Стилки од Лос Анџелес им дава нов живот на старите книги создавајќи уметнички инсталации од нив. Станува збор за стотици книги, кои ги подредува во висина и потоа црта по нивниот бочен дел, употребувајќи мешавина од мастила, дрвени боички, лак и акрилни бои. Во собирањето книги за неговите уметнички дела му помагаат…

Oтворен третиот регионален конкурс за краток расказ „Бибер“

Tретиот регионален конкурс за краток расказ „Бибер“ на тема помирување и надминување на предрасудите е отворен и ќе трае до 10.6.2019 година. Конкурсот е наменет за ангажирани раскази на албански, босански, црногорски, хрватски, македонски и српски јазик. Првите два конкурса „Бибер“ беа на тема помирување, а овој пат темата е проширена. Покрај расказите што го…

Мемоарите на Мишел Обама попродавани од „Педесет нијанси сиво“

Автобиографската книга „Becoming“ на некогашната прва дама на САД, Мишел Обама, урива рекорди по продаваност. Само два месеци по објавувањето таа претендира да стане меѓу најчитаните книги на деценијата – јавува „Си-ен-ен“. Според податоците од „Амазон“ мемоарите на Мишел Обама 47 дена се број еден на листата. Тие се попродавани од книгата „Педесет нијанси сиво“,…

Авторките на „Бунтовни девојчиња“ ексклузивно во новиот број на „Лице в лице“

Под наслов „Приказни што раѓаат бунтовнички што го менуваат светот“, во 34. издание на единственото македонско улично списание „Лице в лице“ е објавено интервју со Елена Фавили и Франческа Кавало – авторките на хит-книгата „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“. Двете Италијанки ексклузивно за „Лице в лице“ раскажуваат како нивните приказни ја кренаа јавната…

Ен Хатавеј ќе игра во филмска адаптација на „Вештерки“ од Роалд Дал

Оскаровката Ен Хатавеј ќе толкува една од главните улоги во новата филмска адаптанција на една од најпознатите книги за деца од Роалд Дал, „Вештерки“. Проектот ќе го режира култниот Роберт Земекис, познат по своите филмски ремек-дела: „Враќање во иднината“, „Форест Гамп“, „Смртта ѝ прилега“, „Поларниот експрес“, „Куќа на чудовишта“, „Божиќна песна“ и други. Во фокусот…

„Супервештерката…“ меѓу хит-насловите на „Лагуна“ во Белград

Српското издание на популарната книга за деца „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ од нашата позната писателка Билјана С. Црвенковска е меѓу хит-насловите на „Лагуна“ во Белград. Книгата, која на српски јазик излезе под наслов „Шест чаробних колачића“, ја објави престижната издавачка куќа „Лагуна“ под детскиот импринт „Мала Лагуна“. Таа беше претставена минатиот октомври во…

Македонскиот филм „Honeyland“ во конкуренција за најдобар светски документарец на „Санденс“

  Документарниот филм „Honeyland“ („Медена земја“) премиерно ќе биде прикажан на 38. издание на филмскиот фестивал „Санденс“ (Sundance), чие годинашно издание ќе се одржи од 24 јануари до 3 февруари во Јута, САД. Премиерата е закажана за 28 јануари по што ќе следуваат уште седум проекции на оваа кинематографска манифестација. Документарецот е во официјална конкуренција…

„Нетфликс“ ќе сними серија по книгите од Роалд Дал

Книжевните класици од омилениот британски автор за деца Роалд Дал ќе бидат екранизирани во новиот анимиран серијал што го најавува „Нетфликс“. Компанијата, која што ќе ги продуцира и емитува филмовите, најави дека засега се откупени правата за снимање на 15 наслови. Меѓу нив се „ГДЏ“ (Големиот добар џин), „Чарли и фабриката за чоколада“ (во две…

Од Кенеди до „Битлсите“ – ова се новите биографии што треба да ги имате во домашната библиотека

Биографските приказни за некои од најинтерсните историски личности, од Џон Ф. Кенеди до „Битлсите“ се дел од новите изданија на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Меѓу новите мемоари што вреди да ги имате во своите домашни библиотеки се култни политичари, филмаџии, уметници, писатели и музичари: Леонард Бернштајн, Пол Гоген, Пабло Неруда и…

Дрво старо 110 години стана библиотека

Американската уметница Шаралеј Армитаж Хауард направи мини библиотека од 110-годишно дрво. Наместо да го отстрани стариот трупец создала магичната библиотека наречена „Little Tree Library“. Библиотеката, сместена во семејниот двор на Шаралеј во Ајдахо, САД, ќе биде наменета за целото соседство. Од неа бесплатно може да се позајмуваат и разменуваат книги. Внатрешноста на дрвото е осветлена…