Dave’s Kitchen и „Арс Ламина“ го најавуваат новиот готвач „Најдоброто од македонската кујна“

По успехот на неговата прва книга за готвење, „Dave’s kitchen: Гответе насмеани“, младиот кулинарски шеф Давор Панчевски наскоро ќе објави нов готвач. Книгата, што ја подготвува со издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“, ќе содржи 125 едноставни и вкусни традиционални рецепти, на кои ќе се потсетат постарите генерации, а помладите ќе имаат можност да ги…

Холанѓаните плаќаа воз со читање книга

  Љубителите на пишаниот збор во Холандија минатиот викенд имаа можност, наместо со билет, да платат превоз со воз со читање книга. Станува збор за традиционална практика, за време на годишната прослава на книгата. Секоја година, почнувајќи од 1932 година, Холандија го организира настанот „Букенвик“ (Boekenweek) – денот кога се прославува литературата со разни фестивали…

Срѓан Јаниќијевиќ: Се залагам за театар што воспитува, а не што поучува

За него театарот е храм на моралот. Не е место каде што догматски се учат лекции по етика (тоа е лош театар), туку место во кое се кршат сите табуа, а традиционалните морални вредности се преиспитуваат (и можеби се создаваат нови). Нашиот истакнат филмски и театарски режисер  Срѓан Јаниќијевиќ на своето гостување во видеопроектот на…

„Арс Ламина“ и Фондацијата „Славко Јаневски“ ќе ја доделат наградата „ПЕГАЗ“ за најдобар необјавен роман на годината

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишуваат првиот конкурс за новата книжевна награда за најдобар необјавен роман на годината – „ПЕГАЗ“. За наградата можат да конкурираат сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за…

Љупчо Јолевски: Книгата „Радио“ е ода кон медиумот кој многумина го испратија во историјата

Во ова издание на емисијата „Астрорум“ гостува истакнатиот новинар, водител и уредник, Љупчо Јолевски, којшто во новинарството е речиси четири децении. Кариерата ја започнал во „Млад борец“ во почетокот на осумдесеттите години. Бил соработник на белградските магазини „Рок“ и „Време“, а потоа долги години бил во Радио Телевизија Скопје и Македонското радио – Втора програма.…

Д-р Неле Карајлиќ ‒ добитник на наградата „Момо Капор“ за новиот роман „Солунска 28“

Легендата на популарната екс-ју група „Забрането пушење“ и на култната ТВ-серија „Топ-листа надреалиста“, д-р Неле Карајлиќ, е добитник на српската книжевна награда „Момо Капор“ за 2018 година. Наградата ја добива за неговиот нов роман „Солунска 28“, што наскоро ќе биде објавен и на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –…

Белгискиот автор Барт Мујарт е годинашен добитник на наградата „Астрид Линдгрен“ за литература за деца и млади

Белгискиот автор Барт Мујарт е годинашен добитник на книжевната награда „Астрид Линдгрен“, што се доделува време на Саемот за литература за деца во Болоња, што деновиве се одржува во Италија. Признанието „Астрид Линдгрен“ се нарекува уште и „Нобелова награда за литература за млади“. Мујарт, кој претходно бил номиниран 16 пати за престижната награда во Болоња,…

10 најдобри корици на книги на сите времиња

Првиот впечаток за книгата го добиваме од нејзината корица. Таа често придонесува во имиџот на изданието и начинот на кој ќе биде прифатена од идните читатели. Иако се согласуваме со изреката дека книгата не треба да се суди по нејзината корица, сепак има исклучоци ‒ кога и корицата и содржината во книгата се подеднакво добри…

Со книгата „Аутизам: Да се биде професионален родител“ од Олга Богдашина го одбележуваме Светскиот ден на аутизмот

Со книгата „Аутизам: Да се биде професионален родител“ од Олга Богдашина го одбележуваме Светскиот ден за подигнување на свеста за aутизмот, втори април. Книгата, која на македонски јазик ја објави издавачката куќа „Арс Ламина ‒ публикации“, веќе е достапна во сите продажни места на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, и во…

Во светот на бајките на Ханс Кристијан Андерсен

Беше топло и убаво лето. Во едно гнездо, близу стара пропадната куќа, една патка лежеше над шест јајца, чекајќи да се испилат. Везден, по стопати ги проверуваше, сѐ додека еден ден, на едно од јајцата не забележа пукнатина. Набргу потоа од пет јајца се видеа жолти глави. Од сите пет јајца излегоа пет убави пајчиња,…

Книгата „Becoming” од Мишел Обама објавена на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

Автобиографската книга „Becoming“ на Мишел Обама излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Само неколку месеци по објавувањето на мемоарот на некогашната прва дама на САД, сега е достапен во сите продажни места на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ , „Скопје сити мол“, и…

Повторно објавено капиталното дело „Село зад седумте јасени/Стебла“ од Славко Јаневски

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го претстави повторнообјавеното капитално дело „Село зад седумте јасени/Стебла“ од Славко Јаневски. На промоцијата, што се одржа на 28.3.2019 во „Клуб и ресторан МКЦ“, беше претставен и првиот број на списанието за култура и општествени прашања „Архив ЈАНЕВСКИ“, насловено како „Јавач на комета“. Идејата на…

„Арс Ламина“ со поддршка за музичкиот фестивал за ученици и студенти „Полихимниа“

Издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ ја продолжува својата мисија за поддршка на културата и образованието во нашата земја. Со печатење публикации и промотивни материјали го помoгна годинашното издание на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, што се одржува од 26 до 31 март во Скопје. На програмата на четвртото издание на манифестацијата, во организација на  Здружението на…

Владимир Мартиновски: „Дур дишам се надевам“ е книга за деца на работ на младоста

Латинската поговорка Sine linqua Latina nulla intelligentia (Без латински јазик нема знаење), која се чини е одамна заборавена, е појдовната идеја за новата книга „Дур дишам се надевам“ од авторот Владимир Мартиновски, која беше промовирана вчеравечер (27 март 2019 год.) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Збирката поезија, во издание на „Либи“, дел од „Арс…

„Анаис од Монмартр“ и „Скоро Парижанка“ во Париз

По посетата на Саемот на книги во Париз на список остана… па, Париз. Редот наложуваше „Анаис од Монмартр“ и „Скоро Парижанка“ од Јана Мишо да ги прошетаме на неколку значајни места што се спомнуваат во самите книги. Уживајте во галеријата! „Анаис од Монмартр“ во кафулето на Монмартр каде што работи Анаис: „Скоро парижанка” пред клубот…