Топ 10 предлози што да читате во август

Конечно одмор! Конечно раат од секојдневните стресови, рокови и обврски. Без разлика дали ќе заминете покрај езеро или море или ќе се „исклучите“ од градскиот метеж на планина или село, дозволете му на мозокот да одмори со некоја интересна книга. Сега, кога конечно имате време за себе и за читање, пред да ги спакувате куферите…

Владимир Плавевски: „Вампирџија“ е приказна за талкањето на грешните души

Веројатно повеќето слушнале, прочитале или гледале на филм некоја приказна за вампири, од кои најпопуларни се тие за грофот Дракула од Трансилванија. Приказните за повампирените мртовци облечени во црно, со долга наметка, залижана коса, блед тен, долги нокти и остри заби, кои навечер ги напаѓаат живите и им ја пијат крвта, често се среќаваат во…

Благоја Чоревски: Ќе глумам на сцената додека ме држат нозете

„Мојата кариера е работа и само работа… Глумата е 99,9 отсто работа, а 0,1 отсто талент или дар од Бога. Едното без другото не може. Дарбата за глума мора да се надградува со постојана работа, но и константното играње и работење е ништо без тој мал процент талент.“ Со овие зборови, еден од најпознатите македонски…

Влијателните американски медиуми со одлични рецензии за „Медена земја“

Американските медиуми, меѓу кои и влијателните „Њујорк тајмс“ и „Лос Анџелес тајмс“, објавија одлични рецензии за документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland). Македонскиот победник на „Санденс“, кој застапуван од американската компанија за производство и дистрибуција на филмови „Неон“ од 26 јули се прикажува во кината во САД, ги одушеви критичарите. Документарецот деновиве доби позитивни коментари и…

Беатрикс Потер – Убавините на природата овековечени во безвремената приказна за зајaчето Питер

Има нешто примамливо во пишувањето на првите зборови од приказната. Никогаш не знаете каде ќе ве одведат – Беатрикс Потер Инспирирана од природата, легендарната британска авторка за деца Беатрикс Потер ги напишала и илустрирала своите најпознати книги. Љубовта кон растенијата и животните ја овековечила во своите 28 безвремени детски приказни, меѓу кои и за Зајачето…

Топ 10 книги за ова лето

Летото значи одмор, повеќе мир и време за читање. Во лето настојуваме да го надополниме сето она време што сме го пропуштиле за читање во текот на годината. Научно е докажано дека читањето книги ги намалува тегобите и стресот за 60% и им овозможува на луѓето барем за кратко да заборават на своите проблеми. Изборот…

Топ 5 изданија со љубов за Скопје

На 26 јули 1963 година, во 5.17 часот, Скопје го разбуди најголемата катастрофа во неговата поновата историја. Земјотрес со силни 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала), кој траел само 20 секунди, го разурна градот. Од потресот бea урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останаa без покрив над глава.…

Мишел Обама е најценета жена во светот

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама е најценета жена во светот, покажа неодамнешната анкета на YouGov.com. Во истражувањето биле опфатени 42.000 луѓе од 41 земја во светот. Тие се изјасниле дека најмногу ѝ се восхитуваат на сопругата на Барак Обама. На второто место на листата е ТВ-ѕвездата Опра Винфри, трета е актерката Анџелина Џоли,…

Кристина Димовска: „Светлината на Сатурната“ е книжевно патување слично на видеоигра

  Инспирирана од видеоигрите, преку живописни описи полни со егзотични мириси и бои, младата авторка Кристина Димовска го создала романот Светлината на Сатурната, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина‒ публикации“. Книгата, според својата структура, претставува жанровски хибрид, што третира тема која инаку припаѓа на епската фантастика. Романот е слоевит и…

„Медена земја“ од 26 јули во кината во САД

Документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland) од 26 јули ќе се прикажува во кината во САД. Застапуван од американската компанија за производство и дистрибуција на филмови „Неон“, која ги откупи правата за прикажување во Северна Америка, македонскиот победник на „Санденс“ ќе има кинодистрибуција во селектирани киносали, вклучувајќи ги „Ламли Ројал“ (Laemmle Royal) во Лос Анџелес и…

Топ 5 книги од Габриел Гарсија Маркес во издание на „Арс Ламина“

Колумбискиот писател, новинар и политички активист, добитник на Нобеловата награда за литература, Габриел Гарсија Маркес, според голем број книжевни критичари е еден од најголемите латино-американски автори на 20 век. Кога имал 19 години ги објавил своите први раскази во весникот „Еспектадор“, во кои се чувствува влијанието на Франц Кафка, Вирџинија Вулф и надреализмот. Во 1955…

Дрвена книга со загатки кои треба да се решат за да се прочита текстот

За да ја прочитате содржината на „Кодекс силенда“ (Codex Silenda) ‒ необичната книга со дрвени страници, првин треба да ги решите загатките. Секоја од петте страници на оваа книга, дизјанирана од индустрискиот дизајнер Брејди Витни, содржи загатка, која мора прво точно да се реши, за да може да се прочита текстот. Оваа уникатна книга не…

Ана Мартиноска – Во културна битка за правата на дискриминираните

Преку пишаниот збор и културна активност, секојдневно ги застапува правата на жените, ентичките заедници, сексуалните малцинства, жртвите на насилство и на сите кои се дискриминирани во нашето општество. Професорката Ана Мартиноска во интервјуто за новото издание на „Астрорум“ зборува за своето познато уметничко смејство, за културната битка против предрасудите и табуата и за својата книжевна…

Одбележуваме 120 години од раѓањето на Ернест Хемингвеј

Не постои ништо што може да се спореди со пишувањето. Сè што треба да направиш е да седнеш покрај машината за пишување и да крвавиш ‒ Ернест Хемингвеј. На 21 јули 2019 година навршуваат 120 години од раѓањето на еден од најголемите американски писатели на минатиот век, добитник на Нобеловата и Пулицеровата награда за литература…

Топ 10 „машки“ книги од нашите полици

Книгата е најлојалниот пријател на човекот. Го следи на сите негови патувања, но и таа го носи во необични авантури, му отвора нови видици и светови. Ја отсликува реалноста, но често е и магичен портал кон фантазијата. Со неа нурнувате во младоста и минатото и се телепортирате кон иднината. Ќе се согласите дека има толку…