„Девојче и мече“ од Ване Костуранов се најде на престижната книжевна листа „The White Ravens“

Сликовницата „Девојче и мече“ од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најде на престижната книжевна листа „The White Ravens“ 2019. Секоја година, Интернационалната младинска библиотека од Минхен објавува листа на книги за деца и млади, од автори од целиот свет, кои…

Македонски ден на Саемот на книгата во Франкфурт 2019

Со посета на министерот за култура Хусни Исмаили, гостување на раководствата на интернационалните саеми на книгата во Франкфурт и во Лајпциг, како и промоција на домашни и странски автори, вчера (17 октомври), беше одбележан македонскиот ден на нашиот штанд на Саемот на книгата во Франкфурт 2019. Македонските книжевници, претставувани од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ),…

Македонските издавачи на Саемот на книгата во Франкфурт: ИДЕИ ШТО ГО ПРИДВИЖУВААТ СВЕТОТ

Современата македонска литература, претставувана од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), ќе биде дел од 71. издание на Саемот на книгата во Франкфурт, што ќе се одржи од 16 до 20 октомври 2019 година. На најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија, што се одржува под мотото „Идеи што го придвижуваат светот“, нашиот промотивен штанд ќе биде…

Промовирана сликовницата „Веселата зграда“ од Ана Голејшка Џикова и Драш во „Литература.мк“

Во весела атмосфера, со присуство на многу деца и нивните родители, вчера (среда, 9 октомври), во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, беше промовирана новата книга за деца „Веселата зграда“ од авторката Ана Голејшка Џикова и илустраторот Драган Китановски – Драш. Промоцијата почна со кретивна работилница, на тема „Обој ја својата весела зграда“, на која најмладите…

Промовирана книгата „Психосоматика, емоции што разболуваат и лекуваат“ од Билјана Велковска

Книгатата „Психосоматика, емоции што разболуваат и лекуваат“ од авторката Билјана Велковска, беше промовирана вчеравечер (4 октомври) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. „Психосоматика, емоции што разболуваат и лекуваат“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ги осветлува двете страни на паричката наречена човек. Од едната страна се чувствата, субјективни…

„Хузур“ од Мартина Млинаревиќ на штандот на „Арс Ламина“ за време на „Напред Розово 2019“

Книгата „Хузур“ од познатата босанска новинарка, авторка и граѓанска активистка, Мартина Млинаревиќ, ќе биде претставена на штандот на „Арс Ламина“ за време на хуманитарната манифестација „Напред розово“, која во организација на Здружението за борба против рак  „Борка“, ќе се одржи на 6 октомври (недела) во 11 часот на Школка во Градскиот парк во Скопје. Претставувањето…

„Медена земја“ се прикажува во 24 градови низ Македонија

Кинодиструбуцијата на документарецот „Медена земја“ (Honeyland) низ Македонија продолжува со нови датуми и градови. Проекциите од минатата недела беа распродадени, а поради големиот интерес беа додадени нови датуми и градови во листата за диструбуција. Филмот, кој е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, се прикажува…

Промоција на книгата „Психосоматика, емоции што разболуваат и лекуваат“ од Билјана Велковска

На 4 октомври (петок) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Психосоматика, емоции што разболуваат и лекуваат“ од авторката Билјана Велковска. „Психосоматика, емоции што разболуваат и лекуваат“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ги осветлува двете страни на…

Изложба и промоција на монографијата „Животот во Хавана“ од Роберто Брсакоски

На 4 октомври (петок), во 20 часот, во Кинотека на Северна Македонија, ќе се одржи изложба на фотографии и промоција на монографијата „La vida de la Habana / Животот во Хавана“ од Роберто Брсакоски. Колоритниот и динамичен главен град на Куба, Хавана, е во фокусот на книгата. Во април 2017 година, резервирајќи пат и престој…

Автобиографијата на Ведрана Рудан – „Танц околу Сонцето“ објавена во издание на „Арс Ламина“

  Автобиографијата на популарната хрватската авторка Ведрана Рудан, „Танц околу Сонцето“, излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во книгата, искрено и без разубавување, Рудан пишува за своето ниту малку безгрижно детство, за децата и внуците, за патот што го поминала од продавачка на сладолед…

„Насон прочитана книга“ од Соња Манџук – добитник на наградата „ПЕГАЗ“ за најдобар необјавен роман на годината

Ракописот со наслов „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук е победник на првото издание на книжевната награда „ПЕГАЗ“ за најдобар необјавен роман на годината – беше соопштено денеска (27.09.2019) на прес-конференција, што се одржа во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Наградата ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и…

Триумф на „Медена земја“ во Русија

Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) го продолжува својот успешен поход на светските филмски фестивали. Деновиве триумфира на два фестивала во Русија. Ги освои наградите за најдобар дебитантски филм и за најдобар филм за животна средина на Интернационалниот филмски фестивал „Порака до човештвото“ во Санкт Петербург, како и гран-при за најдобар филм на интернационалниот филмски фестивал „Човек…

Го одбележуваме роденденот на Стивен Кинг

Кралот на хоророт! Вака во книжевниот свет се опишува еден од најдобрите автори на трилер-романи – Стивен Кинг. Писателот кој на 21 септември полни 72 години, во својата неколкудецениска кариера има објавено 61 роман, шест научно-фантастични книги и околу 200 кратки приказни. Неговите дела се продадени во повеќе од 350 милиони копии, а повеќето добија…

НОВО: Култниот хорор-роман „Кери“ од Стивен Кинг објавен на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

Култниот хорор-роман „Кери“ од славниот писател Стивен Кинг излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис, дел од „Арс Ламина – публикации“. По „Сјаење“, „Доктор Сон“ и серијалот „Зелената милја“ („Двете мртви девојчиња“, „Глувчето на Милјата“, „Дланките на Кофи“, „Ужасната смрт на Едуар Делакроа“, „Патување во ноќта“, „Кофи на Милјата“ ), фановите…

Мини улични библиотеки ги поттикнуваат читачките навики во Скопје

Во чекор со светските трендови за поттикнување на читачките навики, деновиве на неколку локации во Скопје беа поставени мини-библиотеки. Станува збор за проект на Град Скопје и ЈУ Детски културен центар „Карпош“, чијашто цел е со вкрстена размена на книги да се промовира културата за читање. На социјалните мрежи веќе се појавија објави со симпатичните…