Со биографијата од Хенри С. Џилиет го одбележуваме роденденот на Леонардо да Винчи

На денешен ден (15 април) во 1452 година во Винчи, Италија, е роден легендарниот уметник Леонардо да Винчи. Со биографијата од Хенри С. Џилиет, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, го одбележуваме роденденот на Да Винчи, кој е отелотворение на поимот „ренесансен човек“. Надарен со љубопитност и остроумност, Да Винчи…

Четири книги од Јасминка Петровиќ кои треба да ги прочита секое дете и возрасен

Од авторката на одличните романи за деца: „За мачките, за нотите и за бубачките“ и „Сакам дома!“, Јасминка Петровиќ деновиве на македонски јазик излезе од печат уште една интересна книга за најмладите: „Сè е во ред“. Една од најчитаните авторки во регионот, во своите книги отвора значајни прашања, со кои се соочуваат не само децата…

Книги за деца од „Либи“ ‒ симпатичен велигденски подарок за најмладите

  Книгата е подарок што може да го отворате повеќе пати. Тој е траен и вреден дар за најмладите, со кој учат, развиваат фантазија и квалитетно го исполнуваат слободното време. Ви препорачуваме неколку книги во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, кои може да ги подарите на најмладите за време на велигденските…

Александра Иванова: Книги кои раскажуваат за уметноста на едноставното живеење

Во паузите од раскажување на своите креативни приказни, дизајнерката на накит Александра Иванова го поминува времето во уживање на животот и во добра книга. За време на изолацијата, од богатиот избор на „Литература.мк“ препорачува пет книги – своевидни водачи за посреќен живот, за духовна рамнотежа, за промените во нас, древни мудрости за чист ум и…

„Светлина зад ридот” – книгата по која е снимена македонската ТВ-серија „Опстанок”

Една од омилените телевизиски серии на повеќе генерации, „Опстанок“, е снимена по книгата „Светлина зад ридот“ од Трајче Крстески деновиве повторно е актуелна. Серијата, која е снимена 1990-91 година во продукција на „ТВ Скопје“, се емитува на новиот МРТВ 5 канал, кој е фокусиран на детска и образовна програма. Веројатно повеќето добро ја знаат приказната…

Зоран Михајлов: Книги со спорт, хумор и носталгија во периодот на изолација

Легендарниот спортски коментатор и автор на книгата „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“, Зоран Михајлов, својот немирен новинарски дух, во периодот на домашна изолација го скротува читајќи книги. Во неговиот избор покрај спортските книги, има наслови со доза на хумор и носталгија. Ова се неговите топ 5 предлози од „Литература.мк“ што да читате овој период.…

Хајди Елзесер гостинка во „Остани дома со Астрорум“

Нашата врвна пијанистка Хајди Елзесер е гостинка во ова издание на емисијата „Остани дома во Астрорум“. Оваа неверојатна уметница со егзотично име, кое влече корени од нејзиното германско потекло, е родена во Скопје, но голем дел од своите години се образува, живее и работи надвор од земјата. Неверојатно успешна и на полето на солистичката и…

„Легенди“ од Густаво Адолфо Бекер (9 дел)

  ХРИСТОС НА ЧЕРЕПОТ I   Кралот на Кастилија ќе војуваше против Маварите и за да се бори со непријателите на неговата вера го повика кремот на неговата аристократија за да му се придружи во оваа борба. Тивките улици на Толедо дење и ноќе ечеа од воените звуци на тапаните и роговите и во маварските…

Авантурите на Мечокот Меглен од Тортон В. Берџес (четврт дел)

X МЕЧОКОТ МЕГЛЕН СТАНУВА ХЕРОЈ   Веста што ја кажа Малата видра Јоцо покрај Насмевнатото езерце, како Синчето на фармерот Симоски побегнало од Мечокот Меглен, иако не го ни видело, набргу се прошири насекаде низ Зелената ливада и низ Зелената гора, сѐ додека секој жител на разбра за тоа. Се разбира, Зајакот Петко помогна да…

Што читаат книжевните клубови на холивудските ѕвезди во април?

  Книжевнте клубови за читање на холивудските ѕвезди, изминатите години покрај тоа што ги промовираат новите интересни книги и автори, имаат големо влијание во поттикнување на читањето. Покрај веќе добропознатиот клуб на славната ТВ-водителката и активистка Опра Винфри, кој функционира од 1998 година, влијателни се и клубовите на Рис Витерспун (Hello Sunshine) и Ема Вотсон…

Давор Панчевски: Изолација со вкусна храна и добра книга

Младиот готвач и автор на книгите „Dave’s kitchen: Гответе насмеани“ и „Најдоброто од македонската кујна“ , Давор Панчевски, периодот на изолација го поминува секојдневно споделувајќи вкусни и здрави рецепти на социјалните мрежи, но наоѓа време да прочита и некоја добра книга. Покрај редовното прелистување на книгите за готвење, тој чита и биографии, мотивациски книги и…

ТВ-серијата „Зоки Поки“ ќе почне да се емитува на 4 мај на МРТВ

Долгоочекуваната ТВ-серија „Зоки Поки“ ќе почне да се емитува на 4 мај 2020 година на Македонската радио-телевизија. Десетте епизоди ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 20.15 часот на Првата програма, со репризи следниот ден и во сабота и недела. По емитувањето на МРТ, следниот ден, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk…

Извадок од „Уметноста на едноставното живеење“ од Шунмио Масуно

1 НАЈДЕТЕ ВРЕМЕ ЗА ПРАЗНИНА. Прво, набљудувајте се себеси. Сами со себе бидете такви какви што сте, но без брзање, без нестрпливост. Дали во нашите секојдневни животи кој било од нас има време да не мисли на ништо? Претпоставувам дека одговорот на повеќето луѓе би бил: „Воопшто немам време за такво нешто“. Нè притиска времето,…

Второ издание на „Анаис од Монмартр“ со нова корица

Освежено со нова корица, неодамна од печат излезе второто издание на популарниот роман за млади „Анаис од Монмартр“ од Јана Мишо, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот во оригинална верзија е напишан на англиски јазик („Anais from Monmartre”), а на македонски е објавен во 2017 година. Важи…

Снежана Сани Богдановска: Со книгите никогаш не си сам, дури и во време на социјална изолација

Познатата новинарка и уредничка на списанието „Машки магазин“, Снежана Сани Богдановска, вели дека човек што чита никогаш не е сам, дури и во време на социјална изолација. ‒ Среќен е оној кој љуби да чита. Никогаш не му е здодевно. Никогаш не е сам, уште помалку осамен, нешто што е толку многу важно во овие…