Онлајн промоција на вториот дел од „Солунска 28“ од авторот Неле Карајлиќ

Еден од наjпознатите музичари од екс ЈУ сцената Неле Карајлиќ, покрај успесите во сатиричните комедии како „Топ листа надреалиста“ и учеството во бендовите „Но смокинг оркестра“ и „Забрањено пушење“, се проба и успеа како автор на романи и неговото најново дело онлајн ќе биде промовирано на 25 август (вторник) во 19 часот на фејсбук-страницата на…

Станете дел од клубот на читатели „Литература.мк“ и добијте голем број привилегии

Книжарниците „Литература.мк“ ве канат да станете дел од нивниот клуб на читатели кој претставува специјална „лојалти“ програма наменета за добивање попусти и награди. Сè што заинтересираните треба да направат е да побараат картичка која е бесплатна и може да се добие во било која книжарница „Литература.мк“ и да ја пополнат печатената апликација со основни контакт-информации…

Рецензија на Илина Јакимовска: „Девет: роман во илустрирани приказни“ од Славимир Футро

Кога ми ја препорачаа, мојата прва реакција беше „ќе ја ѕирнам, ама не ќе да е за мене“. Причина – ми беше претставена како дебитантско дело на познат дизајнер, илустрирана проза со автобиографски примеси. Ми зазвучи како обид за шлепање слаб текст врз плеќите на добрата графика. My bad. Неговите дизајни се дел од збирките…

Јана Мишо: Тинејџерката Миа во книгата „Миа во Амстердам“ проблемите ги решава сама и не го чека принцот на бел коњ

– Кога во тинејџерските години ќе ти се случи нешто драматично мислиш дека тоа ти се случува само тебе. Кога бев помала мајка ми го најде нејзиниот дневник кој го водела кога таа била девојче. Откако го прочитав видов дека проблемите и денес и тогаш се исти. Поради тоа и во вториот дел од „Јас…

Наскоро: Првиот роман за младата детективка Агата Одли добива македонски превод

Запознајте ја 13-годишната Агата Одли, храбра и решителна хероина која е ѕвезда на нова и модерна серија на детективски романи за деца. Првиот дел од оваа едиција, „Агата Одли – Тајниот клуч“, на авторката Лина Џонс наскоро добива и македонски превод во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот ќе може да…

Славимир Футро: „Девет“ е роман чија порака е да ги прифатиме сопствените грешки и маани

„Главната порака на оваа книга е да се прифатат сопствените грешки и маани со цел да се прифатат и туѓите. Ретко некој намерно и тенденциозно сака да ве упропасти. Но, генерално сите ние имаме впечаток дека некој нè влече за нога. Сакав со мојот пример да покажам дека мора редовно самите себеси да се погледнеме…

Онлајн промоција на „Миа во Амстердам“ (Јас сум Миа #2) од авторката Јана Мишо

Вториот дел од серијалот „Јас сум Миа“ насловен „Миа во Амстердам“ на младата авторка Јана Мишо ќе биде промовиран онлајн во четврток (20 август) во 19 часот на фејсбук-страницата „Литература.мк“. Изданието пред сè е наменето за тинејџерската публика и е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Миа во Амстердам“ веќе…

Фото: Васко Тодоров ја потпишуваше книгата „Тошо Малерот: монологија“ во суперпродавница „Литература.мк“

Васко Тодоров или познат по своето алтер-его Тошо Малерот вчера (17 август) ја потпишуваше својата книга „Тошо Малерот: монологија“ во суперпродавница на „Литература.мк“ лоцирана во „Скопје сити мол“. Голем број обожаватели се појавија на настанот, а ова дело веќе може да се купи во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на веб-страницата http://www.literatura.mk.…

Ерина Богоева говори за архитектонскиот брутализам во Скопје во интервју за медиумот Brand of people

Фотографката Ерина Богоева која е автор на монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963 ‒ 1990)“ неодамна даде интервју за списанието „Бренд оф пипл“ (Brand of People), самостоен дигитален простор посветен на креативци, креатори и создавачи на култура. Богоева е добитник и на престижната наградата „13 Ноември“ која ѝ беше врачена за ова дело…

Онлајн промоција на „Девет – роман во илустрирани приказни“ на белградскиот дизајнер Славимир Стојановиќ-Футро

Книгата „Девет ‒ роман во илустрирани приказни“ на еден од најпознатите графички дизајнери во регионот, Славимир Стојановиќ-Футро, ќе има онлајн промоција на 18 август (вторник) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Делото е преведено на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“ и веќе може да се најде…

Васко Тодоров ќе ја потпишува книгата „Тошо Малерот: монологија“ во книжарницата „Литература.мк“ во „Сити мол“

Васко Тодоров кој е познат по неговото хумористично алтер-его Тошо Малерот во понеделник (17 август) во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Сити мол“ ќе ја потпишува неговата книга „Тошо Малерот: монологија“. Во делото се собрани култни монолози кои популарниот „батка“ ги има кажано во легендарното шоу „К-15“ како и скечеви кои не биле емитувани…

Книгата „Монологија“ со најпознатите монолози на Тошо Малерот во сите книжарници „Литература.мк“

Книгата „Монологија“ на Васко Тодоров во која се собрани сите култни монолози на неговото хумористично алтер-его Тошо Малерот од легендарното шоу „К-15“ беше издадена неодамна под капата на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Ова дело веќе може да се купи во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на веб-страницата http://www.literatura.mk…

Книгата „Девет – роман на илустрирани приказни“ на познатиот белградски дизајнер Футро е преведена на македонски јазик

Романот „Девет – роман во илустрирани приказни“ кој е дело на еден од најпознатите графички дизајнери во регионот, Славимир Стојановиќ-Футро е преведен на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Делото веќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на http://www.literatura.mk. Книгата со…

Едицијата „Македонски книжевни класици“ на „Арс Ламина“ се збогатува со стихозбирката „Скопјани“ од Гане Тодоровски

Едицијата „Македонски книжевни класици“ во која се објавени единаесет дела од Петре М. Андреевски, наскоро ќе се збогати со поетско издание од уште еден значаен македонски писател и академик, Гане Тодоровски. Станува збор за стихозбирката Скопјани, првпат објавена во 1981 година, која – како што ќе напише самиот автор – претставува „мал колаж од песни…

Традиционални Garage Sale попусти до 80 отсто во сите книжарници „Литература.мк“

  И оваа година синџирот книжарници „Литература.мк’ продолжува со традиционалните Garage Sale попусти во овој период од годината. Биографиите на Џулијан Асанж и на Алекс Фергусон, романите „Американски брак“ и „Сребрениот куфер“, литература за деца како „Облачињата што не сакаат да плачат“ или „Шарено марено“, комплети сликовници „Пчеличката Маја“ се само дел од насловите кои…