Деведесет и деветти роденден на Блаже Конески, една од најзначајните личности во поновата македонска историја

Блаже Конески е македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и јазичар, преведувач, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, академик и прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Роден е на денешен ден, 19 декември, во 1921 година, во селото Небрегово, Прилепско. „Јазикот е нашата татковина“…

По биографијата достапна и на македонски јазик, стигнува и документарец за Били Ајлиш

Покрај биографијата за ’лошата девојка во музиката‘, Били Ајлиш, која е достапна во сите книжарници „Литература.мк“, во февруари догодина премиерно ќе биде пуштен и документарен филм посветен на оваа контроверзна музичарка. Документарецот ќе има премиера на 26 февруари на стриминг-платформата „Епл ТВ“ (Apple TV), а режисер е Ар-Џеј Катлер. Ова остварување е со наслов „Светот…

Предновогодишен саем на книга во „Рамстор“: Попусти до 50 отсто на штандот на „Арс Ламина“

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе биде дел од саемот на книга во трговскиот центар  „Рамстор“, што ќе трае од 16 до 20 декември и ќе може да се најде широк избор на дела со попусти до 50 отсто. Дел од понудата се изданија за сечиј вкус и возраст како бестселери, книги за деца, дела од…

Фондацијата „Славко Јаневски“ го распишува конкурсот за „Роман на годината“

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишува годинешниот конкурс за наградата „Роман на годината“ кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2021 година. Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2020 година. Заедно со пријавата на конкурсот, кандидатите се обврзани да…

Почина мајсторот на трилерот Џон ле Каре чиј роман „Наследството на шпионите“ е преведен на македонски јазик

Почина авторот Џон ле Каре кој е познат по книгите како „„Скитник, кројач, војник, шпион“ („Tinker tailor soldier spy“) според која беше направен филм што беше номиниран за „Оскар“ во неколку категории, како и „Наследството на шпионите“ издадена на македонски јазик од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Култниот писател Стивен Кинг, за…

„Прагматика“ е приземна книга која нè учи како ефективно да комуницираме

„Целта на ова дело беше да ја претставиме прагматика и да ги освестиме луѓето што значи и дека во секој чекор и секоја секунда во секојдневието ние ја користиме прагматиката, а не сме ни свесни за тоа. Без неа не можеме да опстанеме во нашиот живот. Идејата беше да ги посочиме тие скриени прагматички принципи,…

Новогодишни попусти до 50 отсто во книжарниците „Литература.мк“

Голем број книги, новогодишни пакетчиња за деца полни со едукативни изданија како и различни производи од повеќе брендови ќе може да се купат по намалени цени во книжарници „Литература.мк“. Попустите ќе се движат до 50 отсто и покрај книгите се вклучени и производи за сечиј вкус и за секоја возраст. Почестете се себеси или изненадете…

Ленче Милошевска: Збирката раскази „Недопрени бисери“ говори и за храбриот женски лик, партизанката Милка во борба со фашистите

Писателката Ленче Милошевска е поет, романсиер и преведувач кој целиот свој работен век го има минато активно работејќи на развојот на домашната книжевна сцена и неодамна го објави своето ново дело „Недопрени бисери“. Станува збор за збирка раскази и кратки приказни која беше објавена од „Арс либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и ова…

Победничкиот трилер „Списокот гости“ на изборот на „Гудридс“, ќе добие и македонско издание

Книгата „Списокот гости“ од авторката Луси Фоли беше прогласена за најдобар трилер/мистерија за 2020 година на изборот на една од најпознатите светски веб-страници за книги „Гудридс“ (goodreads.com) Ова дело доби најмногу гласови од читателите од цел свет, а догодина ќе биде објавено од издавачката куќа „Арс Ламина“ и ќе се појави на полиците на книжарниците…

Онлајн-промоција на „Прагматика: Јазик и комуникација“, прва книга во Македонија посветена на нова научна дисциплина

Книгата „Прагматика: Јазик и комуникација“ од авторките Марија Кусевска и Елени Бужаровска ќе биде промовирана онлајн на 10 декември (четврток) во 19 часот на фејсбук-страницата „Литература.мк“. Ова дело е насочено кон релативно нова научна дисциплина што го проучува јазикот од гледна точка на неговите корисници и го продлабочува разбирањето на природата на комуникацијата и ја…

Извадок од книгата за деца „Биди среќна ѕвездичка“ од Радмила Костова-Мила

Биди крал или кралица на сопствениот живот Виктор и Леона биле на далечно патување и еден ден се нашле во една шума во која виделе една лисица која изгледала целосно здрава, но не се поместувала од местото. Се чуделе како таа наоѓа храна и како преживува. По извесно време забележале дека кон лисицата се приближува…

„Мир-Божица-Ејрене“ е една од малкуте сочувани комедии на Аристофан која „дише“ со современост

Грчкиот драматург Аристофан напишал 44 комедии, но само 11 се зачувани, меѓу кои и „Мир-Божица – Ејрене“, која неодамна беше објавена од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Преводот од старогрчки јазик е на пензионираната универзитетска професорка Елена Колева и делото веќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се…

Книгата „Приказната за Десперо“, од наградуваната авторка Дикамило, раскажува за едно храбро глувче

Кејт Дикамило е позната како американска писателка на детска фикција и е една од шесте автори кои добиле два медала „Њубери“ за романите „Приказната за Десперо“ и „Флора и Улис“. Таа воедно била и американски амбасадор за литература за млади назначена од Конгресната библиотека во 2014/2015 година. Нејзиното дело, „Флора и Улис: Возбудливи авантури“ веќе…

Во „Да се почне одново“, авторот Драган Клаиќ не го третира театарот како света уметност што не е за секого

Театарот некој мора да го гледа и да го консумира, а и самиот тој мора да профитира. Ние не сме навикнати да говориме за театарот на овој начин, туку секогаш е од висина, гледајќи го како нешто што е специјално, свето и не е за секого. Но, ако не е за секого, тогаш тој и…

„Боксерот од Ново маало“ е вистинска скопска приказна за маалски тепач кој стана успешен боксер

Животот и духот на Ново маало во старото Скопје и уникатната приказна за вистинскиот лик со измислено име, Ангел Тотевски или Шуре Катиљ, кој од уличен тепач станува успешен боксер во клубот „Вардар“ и маалска легенда. Ова се двете главни точки во романот „Боксерот од Ново маало“ на авторот Владимир Плавевски, кој вчера беше промовиран…