Стихозбирката „Скопјани“ од Гане Тодоровски достапна и во продажни места на дневниот весник „Слободен печат“

Стихозбирката „Скопјани“ од Гане Тодоровски е достапна да се купи во продажни места на дневниот весник „Слободен печат“ за 290 денари. Оваа книга е во издание на „Арс Ламина“ и е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“ во која досега се објавени 11 дела од Петре М. Андреевски. „Скопјани“, првпат е објавена во 1981 година,…

Наградата „Стале Попов“ за „Боксерот од Ново маало“ на Владимир Плавевски

Романот „Боксерот од Ново маало“ од авторот Владимир Плавевски, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ја доби престижната награда „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2020 година. Наградата е дел од годишните награди што ги доделува Друштвото на писатели на Македонија, а одлуката ја донесе тричлено жири во состав:…

Македонската врвна пијанистка Марија Вршкова гостинка во „Астрорум“

Македонската врвна пијанистка, корепетиторка, активна камерна музичарка и пијано педагог, доцент м-р Марија Вршкова е гостинка во новото издание на емисијата „Астрорум“. За неа музичката критика ќе каже дека е уметница која со својата експресивност и даде печат на македонската пијанистичка школа на почетокот на 21. век. Вршкова се вбројува во редот на најголемите афирматори…

14 предлози за книги за 14 февруари, Денот на вљубените

Сè што ни треба е љубов… и добра книга. А, за убаво минат Ден на вљубените, 14 февруари, е потребно само тоа. Ви препорачуваме листа на изданија што ќе ве поттикнат повторно да се вљубите, да ја вратите вербата во љубовта или да ја зајакнете љубовта која веќе ја имате. 1. „Има ли уште секс…

Уметницата Воскресија Андреевска гостинка во „Астрорум“

Македонска уметница и графичка дизајнерка Воскресија Андреевска е гостинка во новото издание на емисијата „Астрорум“. Таа е претставничка на младата генерација уметници кои пленат со впечатлив ликовен израз, кој комуницира глобално и универзално. Воскресија Андреевска е родена 1993 година во Скопје. Дипломирала сликарство и графички дизајн на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. По дипломирањето,…

Во сите книжарници „Литература.мк“ се слават денови на литературата, овој пат, со попусти до 70 отсто

Под слоганот „Денови на литературата“, сите книжарници „Литература.мк“ од 10 до 21 февруари ќе бидат места каде ќе можат да се купат книги од голем број македонски издавачки куќи на попусти до 70 отсто. Во овие литературни катчиња се слави пишаниот збор 365 дена во текот на годината, но со оваа голема акција секој љубител…

Јоти Поповски: „Животниот пат на иноваторот“ е сведоштво за мојот бурен и продуктивен живот

„Млади иноватори, никогаш не се откажувајте од вашите соништа и идеи“, вели еден од најпродуктивните домашни пронаоѓачи, Јоти Поповски кој е троен добитник на престижната награда од „Енерџи глоуб“, а неговата експериментална пречистителна станица е инсталирана и на Антарктикот. Книгата „Животниот пат на иноваторот“ на Поповски, во која тој зборува за неговиот бурен и интересен…

Шарлота Папаи: „Македонско-унгарскиот разговорник“ е прв чекор кон зближување на овие два народа

Шарлота Папаи во периодот од 2007 до 2011 година работела како лектор по унгарски јазик на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде го предавала овој јазик, а во текот на престојот организирала и настани низ државата врзани со промоција на унгарската култура како изложби, концерти, балетски изведби итн. Таа воедно е и лектор…

Булингот прикажан во сликовницата „Денес ти нема да играш“ во суштина е апел за помош

Сликовницата „Денес ти нема да играш“ од шпанската авторка Пилар Серано и илустраторот Канизалес, во која фокусот е на булингот, беше промовирана вчера, онлајн на фејсбук-страницата „Литература.мк“. Со цел да се даде поголемо значење на овој проблем кој во светски рамки, како и во Македонија, станува сè поголем и на кој се става сè поголем…

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и авторот Зоран Спасов-Ѕоф донираа 350.000 денари за „СОС Детско село“

Во просториите на „СОС Детско село“, во рамки на „Програмата за згрижување на деца без родителска грижа“, вчера се одржа средба со г. Зоран Спасов-Sоф авторот на романот „Тито, мојот претпоследен херој“ и претставници од „Арс Ламина“, издавачката куќа која го објави ова дело. Средбата се одржа по повод донаторската кампања „Донирај и добиј книга“,…

Попусти до 70 отсто во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Рамстор“

Голем број бестселери како и книги за деца и млади од денеска до 12 февруари ќе може да се купат на попуст до 70 отсто во книжарницата „Литература.мк“ лоцирана во трговскиот центар „Рамстор“. Инспиративниот прирачник „Книга за телото“ од холивудската актерка Камерон Дијаз, „Астрофизика за луѓе кои немаат време“ од популарниот научник Нил Деграс Тајсон,…

Онлајн-промоција на сликовницата „Денеска ти нема да играш“ насочена кон булингот

Сликовницата „Денеска ти нема да играш“ од шпанската авторка Пилар Серано која е насочена кон исклучителна важна тема, односно булингот меѓу учениците, ќе биде промовирана онлајн на 4 февруари (четврток) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Станува збор за сликовница во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ која е веќе достапна во…

Издавачката куќа „Арс Ламина“ со новогодишни донации за „Меѓаши“ и за Црвен Крст – Кисела Вода

Следејќи ја својата хумана мисија, издавачката куќа „Арс Ламина“ на крајот на 2020 година додели новогодишни донации овој пат насочени кон две организации – Првата детска амбасада „Меѓаши“ и Црвениот крст – Кисела Вода. Богат избор на книги беа насочени кон деца кои се дел од социјално загрозени семејства, деца со посебни потреби, со оштетен…

„Драг Едвард“ која според „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ е една од најдобрите книги во 2020 година, доби и македонски превод

Книгата „Драг Едвард“ од Ен Наполитано влезе и во потесниот избор во категоријата „фикција“ на изборот за најдобри дела во 2020 година на една од најпознатите светски веб-страници за книги „Гудридс“ (goodreads.com). Ова дело, брзо по излегувањето, стана бестселер на „Њујорк тајмс“, а на почетокот на годинава доби и превод на македонски јазик во издание…

„Современи бајки од Македонија“ – отворен повик за дизајнери-илустратори

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“ го објавува конкурсот за илустрации за четири авторски бајки. Четирите бајки се избрани на посебен конкурс „Современи бајки од Македонија“ кој се одржа минатата година. На конкурсот кој е објавен денеска (29 јануари) и ќе трае до 20…