Го одбележуваме Светскиот ден на театарот со книгите „Театарот и актерите од сосема друг агол“ и „Да се почне одново“

На 27 март, на иницијатива на Интернационалниот театарски институт – ИТИ на УНЕСКО, во глобални рамки се прославува Светскиот ден на театарот. Одбележувањето на овој ден е иницирано на 9. Светски конгрес на ИТИ на УНЕСКО во јуни 1961 година, а од следната година тој почнал да се слави на 27 март – датумот кога…

#bookstagram интервју со @vo.svetot.na.knigite

Во денешното интервју решивме да разговараме со Сузана Стојанова, која редовно го исполнува инстаграм-просторот преку својот профил @vo.svetot.na.knigite со содржина што сите вљубеници во книгите навистина ја ценат. На почетокот, таа ни откри дека инспирацијата да почне свој #bookstagram профил ѝ била желбата да ги спои своите две омилени работи: читањето (книгите) и патувањето, се…

„Арс Ламина“ ја објави автобиографијата на принцот Хари – „Резерва“

Една од најочекуваните книги оваа година, автобиографијата на принцот Хари, „Резерва“, излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Мемоарите на војводата од Сасекс за кратко време по објавувањето на почетокот на оваа година станаа еден од најбараните наслови. Според Гинисовата книга на рекорди, „Резерва“, на…

Влада Урошевиќ е годинашен добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата

Писателот академик Влада Урошевиќ е годинашен добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП). Лауреатот го соопшти професорката Елизабета Шелева, претседателка на Управниот одбор на поетскиот фестивал денеска на прес-конференција во Националната универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Во исто време, во Париз, во седиштето на УНЕСКО, за признанието се заблагодари…

Десет стихозбирки во издание на „Арс Ламина“ во чест на Светскиот ден на поезијата

Поезијата е круна на литературата. Таа е огледало на срцето, глас на душата, мост меѓу сонот и јавето. Таа е најсофистицирана манифестација на емоциите, рефлексија на љубовта, животот, смртта, на сиот внатрешен (и надворешен) свет на човекот, на неговите најсилни и најинтимни мисли. Зборот поезија (или лирика) потекнува од старогрчкиот назив ποιέω, што значи создавам.…

„Бакнежот на пролетта“ – бајка што ја буди еко-совеста

Во една земја, на крајот од последната улица на едно гратче, во една малечка куќичка под еден рид, живееше едно девојче со баба си. Откако знаеше за себе, девојчето секое утро седеше покрај прозорецот и гледаше надвор. Во дворот пред куќичката сѐ беше бело, а голите гранки на дрвјата на ридот беа клапнати под тежината…

Почина познатата хрватска и европска писателка Дубравка Угрешиќ

Познатата хрватска и европска писателка Дубравка Угрешиќ почина денеска (17 март 2023 г.), во 73 година од животот,  во Амстердам, јавуваат хрватските медиуми. Угрешиќ, која е родена на 27 март 1949 година, се етаблираше како една од најистакнатите европски книжевнички и есеистки. Од нејзините рани постмодернистички дела, преку елегичното соочување со распаѓањето на нејзината југословенска…

#bookstagram интервју со @devojcetosoknigite

Стигнавме до бројот 4 од интервјуата во нашиот #bookstagram серијал. Во ова интервју се дружиме со нашата добра пријателка Кики (@devojcetosoknigite), на која ѝ требаше цела вечност да ни ги одговори прашањата. Таа ни вели: „Имаше многу интересни прашања што ми требаше малку подолго време да ги одговорам, особено петтото прашање (цела вечност ми требаше…

Новиот роман на Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Ламина“, e добитник на наградата Роман на годината

Новиот роман на Влада Урошевиќ, „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, е добитник на наградата Роман на годината за 2022. Станува збор за седмиот роман на академик Урошевиќ, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Победникот на престижната…

„Резерва“ – мемоарите на принцот Хари наскоро во издание на „Арс Ламина“

Една од најочекуваните книги оваа година, мемоарите на принцот Хари, „Резерва“, наскоро ќе биде објавена на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Автобиографијата на војводата од Сасекс за кратко време по објавувањето на почетокот на оваа година стана еден од најбараните наслови. Според Гинисовата книга на рекорди, „Резерва“,…

Промоција на „Недопрени бисери“ во библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје

Збирката раскази „Недопрени бисери“ од Ленче Милошевска, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана утре (14 март, вторник), во 12 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. На настанот, кој ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“, кон делото ќе се осврне писателката Марина…

„Литература.мк“ – најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards 2022

Онлајн-страницата на „Литература.мк“ e прогласена за најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards 2022. На свеченоста, која се одржа вчеравечер (9 март), во „Даблтри Хилтон“ (DoubleTree by Hilton Skopje), беа наградени најдобрите во македонската е-трговија за 2022 година. Онлајн-книжарницата http://www.literatura.mk беше номинирана и во категоријата Е-трговец со најдобра достава за онлајн-нарачки. На…

Новиот роман на Влада Урошевиќ меѓу четирите финалисти за Роман на годината

Новиот роман на Влада Урошевиќ „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ влезе меѓу четирите финалисти за наградата Роман на годината. Станува збор за седмиот роман на академик Урошевиќ, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во најтесниот избор…

„Џабе живиш у Скопје“ e најпродаванa книгa во „Литература.мк“ од областа на нефикцијата

Новата книга од Зоран Спасов Ѕоф, „Џабе живиш у Скопје“, се најде на врвот на листата со најпродавани книги во „Литература.мк“, во февруари 2023 година. Овој т.н. „водич до сигурна смрт од смеење“, за многу кратко време по промоцијата во декември 2022 година стана најбаран наслов во сите поголеми книжарници. На топ 10 листата со…

#bookstagram интервју со @bookreaders_community

Катерина Павловска и Саше Паневски се гости во нашето трето интервју од серијалот #bookstagram интервјуа. Тие се креатори на профилот @bookreaders_community, кој е на листата на омилени #bookstagram профили на многумина читатели и инстаграм-корисници. Веќе долго ги следиме нивните постови со препораки за читање и искрено се радуваме кога ќе видиме кај нив книга што…