„Арс Ламина“ со поддршка за младите шахисти на „Ласкер“ во Охрид

Сѐ со цел промовирање на шаховската игра и поттик на младите шахисти, издавачката куќа „Арс Ламина“ традиционално ги поддржува настаните во организација на шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид. Најновата соработка е во рамките на акцијата за рекреативно играње шах на членовите на ШК „Ласкер“ со случајните минувачи и туристи кои престојуваат во Охрид. „Арс Ламина“…

Топ 10 книги од „Литература.мк“ по кои се снимени нови серии и филмови

Дали практикувате да гледате филмски и телевизиски верзии на вашите омилени книги? Дали сте прочитале некое дело откако прво сте ја погледнале екранизираната верзија? Дали книгата е подобра од филмот или обратно? Книгата и филмот се две платформи што често се инспирираат една од друга, се испреплетуваат и се надополнуваат, давајќи можност на милионска публика…

Bibbych сними видеоспот во книжарницата Literatura.mk Superstore

Најголемата книжарница во Македонија, Literatura.mk Superstore, е локацијата каде што е снимен видеоспотот на младата хип-хоп музичарка Бибич (Bibbych), за нејзината нова песна Don’t Judge The Cover. Насловот на нумерата (прев. Не ја суди корицата) е извлечен од познатата изрека: „Не ја суди книгата по корицата“, па одлично се вклопува со амбиентот богат со книги…

„Девојче и мече“ и „Девојчето и градот“ од Ване Костуранов наскоро ќе бидат објавени на турски јазик

Сликовниците „Девојче и мече“ и „Девојчето и градот“ од Ване Костуранов наскоро ќе бидат објавени во Турција. Книгите што првично беа отпечатени на македонски јазик, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе добијат и верзија на турски јазик. Тие ќе бидат застапувани од турската агенција за копирајт и превод „Акдем“ (Akdem),…

„Ветената земја“ од Барак Обама наскоро на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

Новата автобиографска книга на поранешниот претседател на САД Барак Обама, „Ветената земја“, наскоро ќе биде објавена на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Обама, кој денеска (четврти август) го слави својот 60-ти роденден, во возбудливиот и со нетрпение очекуван прв дел од неговите претседателски мемоари ја раскажува приказната…

Со извадок од романот „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев го одбележуваме втори август, Денот на Републиката

На втори август го одбележуваме Денот на Републиката – Илинден, голем државен празник, кој има посебно значење за историјата на македонскиот народ. На овој датум во 1903 година започнало Илинденското востание, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. На овој ден православните граѓани го слават и верскиот празник „Свети Илија“(Илинден). Со извадок…

Летно освежување со книги од македонски автори

Книгата е најдобриот придружник, каде и да одите. Ве следи на секое патување, но и самата е „билет“ за нови возбудливи авантури. Со неа можете да отпатувате на најдалечното место, без притоа да го напуштите домот. Таа е истовремено е најпрактичниот сопатник. Не зафаќа многу место во багажот и се вклопува во секаков аранжман. Со…

„Тито и Дино“ е првата македонска сликовница целосно изработена со кирилски фонт за дислексија

Илустрираната книга за деца „Тито и Дино“, која неодамна излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е првата македонска сликовница целосно изработена со специјален фонт за дислексија. Во делото од авторката Ј. Мишо, што е збогатено со илустрации на Оливер Коларевски, е користен кирилскиот фонт DyslexicFZF, кој е специјално…

Соња Китановска-Кимовска: Во книгата „Разбуди го родителот во себе“ откривам како родителството да стане уживање

Како да се биде подобар родител? Како да се оствари подобра комуникација со децата? Како родителите да се справат со сите предизвици што ги носи воспитувањето на децата? Како родителството да стане уживање?… Ова се само дел од прашањата на кои одговара проф. Соња Китановска-Кимовска во својата книга за самопомош „Разбуди го родителот во себе“.…

Ќе се снима серија по романот „Мојата прекрасна сопруга“ од Саманта Даунинг

Студиото „Амазон“ во соработка со компанијата „Блосом филмс“ на Никол Кидман ќе сними серија по романот „Мојата прекрасна сопруга“ од Саманта Даунинг. Станува збор за мини ТВ-серија, која ќе го носи истиот наслов како и книгата. Лимитираната серија ќе биде емитувана на стриминг-сервисот на „Амазон“. Сè уште не е познато дали во неа ќе игра…

„Пандемија! 2“ од Славој Жижек е хроника за едно изгубено време

По успехот на „Пандемија!“, во која се осврна како вирусот Ковид-19 го тресе светот, познатиот словенечки филозоф и автор Славој Жижек го објавува второто продолжение на книгата посветена на општеството за време на актуелната пандемија. „Пандемија! 2“, која е хроника за едно изгубено време, деновиве излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс…

Скопје како инспирација во книжевноста и дизајнот

Денеска одбележуваме 58 години од разорниот скопски земјотрес. На 26 јули 1963 година, во 5.17 часот, Скопје го разбуди најголемата катастрофа во неговата поновата историја. Земјотрес со силни 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала), кој траел 20 секунди, го разурна градот. Од потресот бea урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над…

Едукативна тура низ Скопје инспирирана од „Мистериозниот град под калето“

По повод 58 години од катастрофалниот скопски земјотрес, на 26 јули (понеделник), со почеток во 9 часот, ќе се одржи едукативната тура наречена „Скопска авантура“. Настанот, наменет за деца и младинци, е инспириран од интерактивната книга за деца „Мистериозниот град под калето“ од авторката Александра Тодоровиќ, со илустрации од Марко Јанев, која е во издание…

„Арс Ламина“ ги опреми со книги домовите во хуманитарната акција „Проект куќа“

Куќа без книги е како соба без прозорци. Секој дом е комплетен кога има книжевно катче, кое внесува посебна топлина, ведрина и надеж. Секое дете треба да живее безгрижно, со пристап до соодветна литература и едукативни изданија. Имајќи ја предвид важноста секое дете да расте опкружено со книги, издавачката куќа „Арс Ламина“ се вклучи во…

Одбележуваме 122 години од раѓањето на Ернест Хемингвеј со пет негови најзначајни дела во издание на „Арс Ламина“

Со современите класици „Снеговите на Килиманџаро“, „За кого бијат камбаните“, „Сонцето повторно изгрева“, „Подвижна гозба“ и лектирното издание на „Старецот и морето“ одбележуваме 122 години од раѓањето на еден од најголемите американски писатели на минатиот век, добитник на Нобеловата и Пулицеровата награда за литература – Ернест Хемингвеј. Книгите, кои неодамна беа објавени со нов дизајн,…