Киро Јорданов: Книгата „Од компетентност до комплетност“ е корисен водич за сите идни и сегашни наставници

Стручната образовна книга „Од компетентност до комплетност: водич за преживување на наставници“ од Kиро Јорданов, која е во издание на „Арс Ламина“, беше претставена вчеравечер (24 август), со онлајн-промоција. Во онлајн-разговорот, кој го водеше уредникот на книгата Филип Видиновски, покрај авторот Јорданов, се вклучија и проф. м-р Александра Поповски Голубовиќ, претседателка на ЕЛТАМ МК, проф.…

Сликовницата „Мирко Немирко“ од Ана Ѓокиќ и Ване Костуранов е топла приказна за едно палаво облаче кое сака да ги развесели луѓето

Сликовницата „Мирко Немирко“ од Ана Ѓокиќ и Ване Костуранов, ќе биде промовирана онлајн, на 26 август (четврток), со почеток во 19 часот. Онлајн-разговорот со писателката и со илустраторот ќе го води уредничката на изданието Оливера Ќорвезироска, а ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Илустрираната книга за деца е во…

Книгата „Од компетентност до комплетност“ од Kиро Јорданов е водич за преживување на наставниците

Новата книга во издание на „Арс Ламина“, „Од компетентност до комплетност: водич за преживување на наставници“ од Kиро Јорданов, ќе биде промовирана онлајн, на 24 август (вторник), со почеток во 19 часот. Онлајн-разговорот со авторот ќе го води уредникот на изданието Филип Видиновски, а ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс…

Назад во училиште со попусти до 50 отсто и подароци во „Литература.мк“

Сѐ со цел среќно и успешно враќање назад во училиште, „Литература.мк“ подготви специјална понуда со попусти до 50 отсто на училишните материјали, како и подароци за купени одредени производи од богатата понуда. Во акцијата, која ќе трае од 20 август до 20 септември 2021 година, со секој купен ранец од брендот POLO следува подарок паричник.…

Мотивациски книги и вистински приказни од „Литература.мк“ кои најмногу се читаа минатиот месец

Книгите со вистински приказни, лични есеи, анализи и сведоштвата на авторите, отсекогаш биле интересни за читателите. Особено се примамливи овие дела ако станува збор за личност со големо и необично животно искуство, некој што се нашол во несекојдневни ситуации или во клучни историски моменти… Делата од областа на нефикцијата, исто како и во фикцијата, раскажуваат…

Кои изданија за деца беа најбарани во „Литература.мк“ во јули?

Летниот распуст е исполнет со безгрижна игра, уживање во слободното време и одлични книги. Некои деца преферираат забавни изданија со активности, други се посветени на задолжителните лектири, а трети читаат книги по свој избор. Што читавте вие во јули? Какви книги избравте за на одмор? Доколку сѐ уште не сте одлучиле што ќе читате во…

Топ 10 најчитани книги од „Литература.мк“ во јули

Нови интернационални бестселери, романи по коишто се снимени серии, крими-класиците од Агата Кристи, култните дела на Милан Кундера и наслови од домашни автори се на листата со најчитани книги во јули 2021 година. Ова лето љубителите на книжевната белетристика се одлучија за романси, трилери, драми, детективски приказни и друго. Ви ја претставуваме топ 10 листата…

Промоција на четирите психолошки прирачници од Христина Стефановска во Штип

Четирите психолошки прирачници од Христина Стефановска: „Кога Мешко се лути“, „Кога Ушко се плаши“, „Кога Сончка е среќна“ и „Кога Летко е тажен“, ќе бидат промовирани на 20 август (петок), во 18 часот, во дворот пред НУ Библиотека „Гоце Делчев“ во Штип. Во рамките на промотивниот настан, Стефановска, која е лиценциран дипломиран психолог кој исклучиво…

Одбележуваме 86 години од раѓањето на Живко Чинго со реобјавените „Пасквелија и Нова Пасквелија“ и „Големата вода“

На денешен ден (13 август) во 1935 година во селото Велгошти, Охридско, е роден еден од доајените на македонската литература – Живко Чинго. Со реобјавените класици „Пасквелија и Нова Пасквелија“ и „Големата вода“ одбележуваме 86 години од раѓањето на овој истакнат македонски раскажувач, романописец и драмски писател. Книгите што неодамна излегоа од печат во ново…

Детективскиот серијал „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од Ненси Спрингер наскоро во издание на „Арс Ламина“

За сите љубители на детективските романи и на Шерлок Холмс, наскоро од печат ќе излезе новиот серијал „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од авторката Ненси Спрингер, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. На полиците на книжарниците „Литература.мк“ набрзо на македонски јазик ќе се најдат првите две книги од серијалот: „Исчезнатиот маркиз“…

Новиот филм инспириран од „Приказната за зајачето Питер“ од Беатрикс Потер се прикажува во „Синеплекс“

Второто продолжение од новата филмувана верзија на приказната за зајачето Питер од Беатрикс Потер деновиве се прикажува во скопските кина „Синеплекс“ во „Скопје сити мол“. „Приказната за зајачето Питер“, напишана и илустрирана од Потер, ги следи доживувањата на малото немирно зајаче Питер, кое се протнува во градината на господинот Мекгрегор, па почнуваат да му се…

Попусти до 75 отсто во „Литература.мк“ на Garage Sale во „Рамстор мол“

Голем број бестселери и книги за деца ќе можат да се набават со попусти до 75 отсто, од 12 до 18 август, во книжарницата „Литература.мк“ во „Рамстор мол“. Попустите се во рамките на акцијата „Гараж сејл“ (Garage Sale), што традиционално ја организира трговскиот центар „Рамстор мол“ во Скопје. Во оваа сезонска распродажба има специјална понуда…

Наскоро: „Умствени вежби, гениј“ – нов серијал со логички игри во издание на „Либи“

Која е првата асоцијација кога ќе се споменат Шерлок Холмс, Леонардо да Винчи и Алберт Ајнштајн? Тие се генијалци! Да, тие се едни од најгенијалните умови: Холмс е најгенијалниот детектив меѓу фиктивните книжевни ликови, Да Винчи е најгенијалниот креативец меѓу уметниците, а Ајнштајн – еден од најгенијалните научни умови. Што значи да размислувате како нив?…

„Без Мерит“ ги открива најдлабоките тајни на едно семејство

„Од сите места на светот каде би можеле да бидеме, ние сме токму тука. Во исто време.“ Семејството Вос е сѐ освен нормално семејство. Тие живеат во најнеобичната зграда во целиот град. Внатре, во оваа куќа, живеат седум најнеобични станари. Во семејството Вос има атеист, растурач на дом, поранешна сопруга која пати од тежок облик…

Топ 10 класици што треба да ги прочита секое дете

Читањето книги е една од најубавите навики што се стекнува уште од најрана возраст. Љубовта кон пишаниот збор се создава уште во првите години од живот на детето, преку слушање приказни што му ги читаат родителите или старателите. Таа љубов се надградува во годините кога детето ќе почне да чита самостојно, со постојано дополнување содржини…